Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Институти Електрични централи и разводни постројки

Електрични централи и разводни постројки

Дејност на Институтот за ЕЦ и РП


Дејноста на Институтот за ЕЦРП започнува уште во 1959 година кога во рамките на Електромашинскиот оддел при Техничкиот факултет во Скопје, беше застапен предметот Електрични централи и разводни постројки. Во 1961 година се отвора електротехнички отсек при што e формирана и катедрата за електрични централи и разводни постројки. Основач на катедрата е проф. Димитар Грчев кој дава значаен придонес во развојот и оформување на дејноста на Институтот за електрични централи и разводни постројки (ЕЦРП).

Во понатамошниот развој овие наставни дисциплини се надополнуваа, усовршуваа и развиваа така да во периодот 1982 - 2003-та година членовите на Институтот за ЕЦРП беа ангажирани во реализирање на настава на насоката Електроенергетика.

Со усвојување на новиот ЕКТС систем во 2004 година, Институтот за ЕЦРП станува носител на студиската програма Електроенергетика и управување (ЕЕиУ), a во 2012 Институтот станува носител на студиската програма Електроенергетика, управување и менаџмент (ЕЕУМ). Овие промени претставуваат уште еден чекор напред во доближувањето на академските програми и реалните потреби на нашето стопанство во актуелниот општествен и технолошки момент.

Наставниот кадар од Институтот за ЕЦ и РП е активно ангажиран на постдипломските студии на следниве студиски програми: Електроенергетика, Проектен менаџмент, Обновливи извори на енергија и Енергетска ефикасност,  животна средина и одржлив развој. Истовремено, Институтот за ЕЦ и РП е носител на студиски програми: Електроенергетика и Проектен менаџмент.

Во рамките на Институтот успешно работат Лабораторијата за Релејна заштита и Лабораторијата за соларна енергетика како и Центарите за проектен менаџмент и за техничка заштита.

Институтот е опремен со најсовремена опрема и најсовремени софтверски алатки за испитување, моделирање и симулација на електроенергетските постројки.

Институтот успешно ги следи светските трендови во проблематиката на електро-енергетиката и проектниот менаџмент и остварува соработка со видни реномирани странски Универзитети и компании.

Со своето долгогодишно искуство, завидниот придонес во научно-истражувачката работа, како и со постигнатите практични резултати на домашен и меѓународен план, членовите на Институтот за ЕЦ и РП чинат важен сегмент на развојот на научната, творечката и практичната мисла во Република Македонија.


Наставен и истражувачки кадар на Институтот за ЕЦ и РП во 2013 година

Според кадровската структура, Институтот за ЕЦРП го сочинуваат 6 доктори на науки и 1 магистер) и тоа:

  1. Проф. д-р Вангел Фуштиќ, Раководител на Институтот, (vfustic@feit.ukim.edu.mk)
  2. Проф. д-р Кирил Коцев, Раководител на лаб. за Соларна енергетика (kkocev@feit.ukim.edu.mk)
  3. Проф. д-р Антон Чаушевски, Раководител на лаб. за Релејна заштита (caus@fiet.ukim.edu.mk)
  4. Проф. д-р Атанас Илиев, (ailiev@feit.ukim.edu.mk)
  5. Доц. д-р Димитар Димитров, (ddimitar@feit.ukim.edu.mk)
  6. Доц. д-р Софија Николова-Поцева, (nsofija@feit.ukim.edu.mk)
  7. Асист. м-р Невенка Китева Роглева (nkiteva@feit.ukim.edu.mk)