Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Институти Преносни електроенергетски системи

Преносни електроенергетски системи

Институтот за преносни електроенергетски системи (ИПЕЕС) ја негува проблематиката на преносот и дистрибутивната распределба на електричната енергија. Обработувањето на оваа проблематика е од научноистражувачки, едукативен и апликативен карактер. Притоа, се разработуваат сите домени на проблематиката, од оптималното планирање и проектирање, до режимите и условите на експлоатација на преносните системи, како и техниката на висок напон и испитувањето на материјалите за електрична изолација.

Во едукативната сфера на работењето на ИПЕЕС, централно место заземаат предметите кои се предаваат на додипломските студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје. Тие го покриваат, пред се, модулот Електроенергетски системи (ЕЕС), но одделни предмети се предаваат и на останатите модули од насоката електроенергетика.

Наставната, научно-истражувачката и апликативната дејност ИПЕЕС ја изведува со својот високостручен кадар, составен од девет наставници во различни звања, сите доктори на науки. Покрај четиригодишните студии, институтот е во можност да спроведе и петгодишни студии на кои завршените студенти се здобиваат со звањето магистер по електротехника.

Повеќе информации можете да добиете на: http://pees.etf.ukim.edu.mk
Инфо ден на ФЕИТ

od3min.png

Летна школа

vms2017.png

ISO 9001:2008

Календар
јуни
« јуни 2017 »
повтсрчепесане
1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930