Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Стопанство Соработка

Соработка

Новата технолошка околина и финансиската реалност во Република Македонија принудуваат на поблиска соработка помеѓу академската средина и индустријата. Користите од академското знаење кои ќе бидат ориентирани кон работни места и просперитет, зависат највеќе од условите за креирање на претприемаштво, како и соработката помеѓу истражувачите и претприемачите. Нашата институција има долга и успешна традиција во работењето со индустријата и компаниите кои се занимаваат со електротехника и нови технологии. Оваа соработка го забрзува и охрабрува иновативниот процес во стопанството и придонесува кон севкупниот пораст на таквите стопанства како и целата земја.

Примената на новите информациско-комуникациски технологии во стопанството е најважна задача која може да се постигне воглавно со наша помош и подршка. Трансферот на технологијата и генерирањето на ново знаење во стопанството е многу чувствителен процес на кој му требаат нашите стручни кадри и истражувачи. Ние сме отворени за соработка и нашите референции се високо признаени на меѓународно ниво. Факултетот е вклучен во сите важни проекти во електростопанството како и во телекомуникациите. Подршката на стопанството значително се остварува со учество во заеднички проекти, експертизи, тестирања на опремата и консултантски услуги.

Ние користиме различни бизнис модели за дефинирање на нашата соработка, која е најсоответна за нашите клиенти од стопанството: формирање на конзорциуми, креирање стратешки здружувања, посебни договорни односи на подолг период за испитување на опремата во стопанството како и консултантски услуги. Во таа насока нашиот кадар учествувал и изработил широк опсег на стручни и научни студии, сложена проектна документација како и работел на афирмација на проектен менаџмент на сите стручни полиња.

Нашата институција е лидер во областа на национално ниво, и квалитетот на професионалната едукација која ја овозможуваме ги чини нашите дипломирани студенти атрактивни за стопанството. Веќе добивме повеќе барања од самите компании, извршните менаџери и менаџерите за човечки ресурси во тие компани за регрутирање и секако вработување на нашите најдобри студенти.

Меѓутоа, исто така нивното вредно и меѓународно признаено образование ги прави атрактивни и интересни за слични компании ширум светот.














Отворен ден на ФЕИТ

od3.png

ISO 9001:2008

Календар
мај
« мај 2017 »
повтсрчепесане
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031