Лични алати
Пријави се
Трага: Дома II Циклус Огласна табла Процедура за пријавување на магистерски труд

Процедура за пријавување на магистерски труд

Процесот на пријавување, изработка и одбрана на магистерски труд се пропишани со статутот на УКИМ (членови 225 – 234).

Процедурата за пријавување на магистерски труд е накусо следнава:

  1. По освојувањето на најмалку 20 кредити, кандидатот, во договор со потенцијалниот ментор пополнува пријава за изработка на магистерски труд и истата потпишана од кандидатот и предложениот ментор се предава во студентска служба во 4 (четири) примероци. Пријавата  со 50 денари административна такса се придружува со образложение за научната оправданост на темата, план за работа и преглед на литература и биографија на кандидатот секое во 3 (три) примерока.
  2. Откако Службата за студентски прашања ќе потврди дека се задоволени условите кандидатот да може да пријави магистерски труд, пријавата (со придружните документи) се проследува до Колегиумот на студиската програма, кој на своја седница ги разгледува пријавите.
  3. Колегиумот на студиската програма доставува мислење и список на одобрените пријави кои се проследуваат до Наставно-научниот совет на Факултетот.

  4. Наставно-научниот совет на Факултетот на своја седница на предлог на колегиумите ги потврдува темите и определува (потврдува) на ментор за изработка на магистерските работи.
  5. Насловот на прифатениот магистерски труд се објавува во Билтенот на Универзитетот и на веб-страницата на единицата, на македонски и на англиски јазик.
  6. По изработката на трудот, кандидатот доставува пет примероци од магистерскиот труд, со барање да му се формира комисија за одбрана. Комисијата ја формира ННС.
  7. Студентот е должен 7 дена пред седницата на ННС каде се разгледува извештајот за магистерскиот труд да достави 5 (пет) примерока од магистерскиот труд укоричени во тврд повез во Деканатот на ФЕИТ.
  8. Остатокот од процедурата е пропишан со членовите 229-234 од статутот на УКИМ и не се разликува од поранешната (за старите постдипломски студии).

Пријава за изработка на магистерски труд

Образложение за научната оправданост на темата, план за работа и преглед на литература

Биографија на кандидатот

Мислење и список на одобрени пријави

Барање за формирање на комисија за одбрана

Барање за продолжување на рок за одбрана на магистерски труд

Насловна корица на магистерски труд

ТЕРМИНИ ЗА КОНСУЛТАЦИИ НА НАСТАВНИОТ КАДАР НА ФЕИТ

Termini.jpg

Студентски сервис iKnow

iKnowUKIM.jpg

ФЕИТ во социјалните мрежи
Календар
мај
« мај 2017 »
повтсрчепесане
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031
Приемни термини во Деканат
  • Приемниот термин за студенти на Деканот е во вторник и четврток од 11:00 - 12:00 часот.
    Приемот кај Деканот претходно се закажува кај Техничкиот секретар, на 02/3099191 или на tehsekretar@feit.ukim.edu.mk.
  • Приемниот термин за студенти на Продеканот за наука е во понеделник од 10:00 - 12:00 часот.
  • Приемниот термин на Продеканот за настава е во вторник и четврток од 11:00 - 13:00 часот.
  • Примениот термин на Продеканот за финансии е во среда и четврток од 9:00 - 11:00 часот.