Лични алати
Пријави се
Трага: Дома II Циклус Тековни соопштенија за студентите Оглас за доделување стипендии на студенти од втор циклус студии

Оглас за доделување стипендии на студенти од втор циклус студии

Објавено на 12.9.2017 година

 

logookta.png

feit.jpg

logo_ukim.png

 

Врз основа на склучениот Meморандум за соработка склучен помеѓу Универзитетот Св. Кирил и Методиј и ОКТА АД - Скопје,  со седиште во с. Миладиновци на 19.9.2017 година, Факултетот за електротехника и информациски технологии распишува

ОГЛАС

за доделување стипендии на студенти од втор циклус студии

 

ОКТА АД-Скопје, (во ната­мошниот текст: ОКТА) во учебната 2017/2018 година доделува две стипендии на студенти од втор циклус-магистерски студии запишани на Факултетот за електротехника и информациски технологии, на студиските програми: eлектроенергетски системи и обновливи извори на енергија.

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА:

Право на стипендија има кандидатот кој ги исполнува следните услови:

  1. Да има завршено прв циклус студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии во траење од 8 семестри, со постигнат просечен успех од најмалку 8;
  2. Да има доказ за активно познавање на англиски јазик;
  3. Да не е корисник на стипендија од други даватели;

II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

  1. Пријава (формулар достапен на интернет страната на Факултетот)
  2. Копија од диплома/уверение за завршени академски студии од прв циклус и уве­­рение за постигнат успех.
  3. Уверение-потврда за активно познавање на англиски јазик.
  4. CV.

III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА:

Стипендијата ги покрива трошоците за школарина во учебната 2017/2018 година во висина од 1.500 евра.

IV. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Крајниот рок за пријавување на кандидатите за користење на академската стипендија за студии од втор циклус е 24.10.2017 година.

Документите може да се достават во архивата на Факултетот или по пошта на адреса: Факултет за електротехника и информациски технологии, ул. Руѓер Бошковиќ, бр. 18 Скопје.

Кандидатот ќе биде избран од страна на Комисија составена од преставник на ОКТА и два преставници од Факултетот, а за кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе биде организирано интервју.