Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Настани Инженерски натпревар EBEC - „Запали ја светилката, пронајди решение!“

Инженерски натпревар EBEC - „Запали ја светилката, пронајди решение!“

кога 25.02.2013. 09:00 до
27.02.2013. 15:00
Додај настан во календар вКал (vCal)
иКал (iCal)

БЕСТ Скопје ги поканува студентите на ФЕИТ на инженерскиот натпревар EBEC (European BEST Engineering Competition). Натпреварот оваа година ќе се одржи на 25-ти, 26-ти и 27-ми февруари во просториите на ФЕИТ и МФС.

На првиот ден од EBEC, студентите, универзитетските професори и претставниците на компаниите ќе имаат можност да земат учество во форумска расправа на која ќе бидат опфатени повеќе теми со цел подобрување на образованието на студентите, како и можностите за стекнување на поквалитетно практично искуство во компаниите.

Вториот и третиот ден се всушност натпреварувачките денови кога студентите групирани во тимови ќе имаат шанса да ги покажат своите инженерски способности во две категории: Team Design и Case Study, а предложените решенија ќе бидат оценувани од стручно жири составено од универзитетски професори и претставници од компаниите кои го подржуваат овој настан и кои обезбедуваат вредни награди за најуспешните тимови.

Покрај вредните награди, најуспешните ќе имаат шанса да ја претставуваат нашата држава на регионалниот EBEC натпревар во Софија, Бугарија, додека пак победниците на регионално ниво ќе се натпреваруваат на Европскиот EBEC натпревар во Варшава, Полска.  На натпреварот може да учествуваат студенти од техничките факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје. За подетални информации и пријавување посетете ја веб-страницата на настанот: www.ebec.best.org.mk.

________________

БЕСТ- Борд на Европски студенти по технологија е непрофитна и неполитичка организација која на студентите им дава можност да го да го прошират своето знаење за теми кои го надополнуваат нивното образование преку организирање академски курсеви, инженерски натпревари, симпозиуми за едукација, тренинзи и културни размени. Од друга страна, БЕСТ исто така се стреми да го прошири пазарот на трудот преку саеми за вработување и кариера, работилници, воедно и водење на интернационален центар за кариера.

 

EBEC1.jpg

EBEC2.jpg

EBEC4.jpg

Отворен ден на ФЕИТ

od3.png

ISO 9001:2008

Календар
мај
« мај 2017 »
повтсрчепесане
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031