Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Настани ITU Centre of Excellence elearning курс: „4G and Next Generation Mobile Internet “, 22 ноември – 19 декември 2016

ITU Centre of Excellence elearning курс: „4G and Next Generation Mobile Internet “, 22 ноември – 19 декември 2016

кога 22.11.2016. 00:05 до
19.12.2016. 23:55
Додај настан во календар вКал (vCal)
иКал (iCal)

MK_flag.png UK_flag.png

itu101.jpg

ITU Centre of Excellence elearning курс: „4G and Next Generation Mobile Internet“

22 ноември – 19 декември 2016

 

International Telecommunication Union (ITU) Centre of Excellence (CoE) на ФЕИТ во Скопје организира elearning курс на тема „4G and Next Generation Mobile Internet” од 22 ноември до 19 декември 2016 година, во рамките на ITU Centre of Excellence мрежата за регионот на Европа, при што истиот ќе се реализира преку ITU Академијата: https://academy.itu.int/

Менаџер/Координатор на ITU Centre of Excellence на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје е проф. д-р Тони Јаневски(tonij@feit.ukim.edu.mk).

Овој курс ќе биде фокусиран на 4G and Next Generation Mobile Internet, вклучувајќи ги технологиите, регулаторните и бизнис аспектите. Притоа ќе бидат опфатени Mobile IP и Mobile IPv6, мобилноста на различни протоколни нивоа, хендоверите, Интернет технологиите за мобилните мрежи (GTP, SCTP), како и регулаторните и бизнис аспектите на мобилниот Интернет. Понатаму, курсот ќе ги опфати 4G мобилните технологии, вклучувајќи ги LTE/LTE-Advanced и Evolved Packet Core (EPC), Mobile WiMAX 2.0, WiFi во 4G, Self-Organizing Networks (SON), дизајн на access, backhaul и core мрежите за 4G, ITU spectrum management за IMT, како и бизнис регулаторните аспекти за 4G. Исто така, ќе бидат опфатени и 4G и следната генерација мобилни сервиси, вклучувајќи Quality of Service (QoS) рамка во 4G мрежите, мобилен VoIP (VoLTE), мобилен IPTV и video streaming, Mobile Cloud Computing (MCC), Web 2.0 и Over-The-Top (OTT) сервисите (Skype, Youtube, Facebook) преку мобилен broadband, Key Performance Indicator (KPIs) како и бизнис и регулаторните аспекти за мобилните broadband Интернет сервиси. На крајот, курсот ќе ја опфати еволуцијата кон 5G, вклучувајќи ги 5G мрежните архитектури, 5G мобилен Интернет и мобилен cloud, M2M и Internet of Things (IoT) во 5G, следната генерација мобилни Интернет сервиси, улогата на ITU во 5G глобалната хармонизација и потенцијалните решенија за 5G спектарот, како и бизнис и регулаторните предизвици за 5G мобилен broadband.

Курсот е наменет за менаџерите, инженерите и вработените во регулаторите, државната администрација, телекомуникациските оператори, ICT компаниите, како и од академската средина, кои се заинтересирани за разбирање, имплементација и регулирање на 4G and Next Generation Mobile Internet, во однос на технологиите, стандардизацијата, регулативата и содржините. Останатите фирми/компании и поединци кои се посветени на зголемување на нивниот капацитет во однос на 4G and Next Generation Mobile Internet се исто така добредојдени да учествуваат.

За добивање на формална покана за ITU CoE elearning курсот сите заинтересирани страни треба да го контактираат проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk), најдоцна до 21 ноември 2016 година.

ITU_Academy_logo.png