Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Настани ITU Centre of Excellence elearning курс: „Future Internet”, 29 мај – 25 јуни 2012 година

ITU Centre of Excellence elearning курс: „Future Internet”, 29 мај – 25 јуни 2012 година

кога 29.05.2012. 09:00 до
25.06.2012. 14:00
Додај настан во календар вКал (vCal)
иКал (iCal)

International Telecommunication Union (ITU) Centre of Excellence (CoE) на ФЕИТ во Скопје организира elearning курс на темаFuture Internetод 29 мај до 25 јуни 2012 година, во рамките на ITU Centre of Excellence мрежата за регионот на Европа, при што истиот ќе се реализира преку ITU Академијата: http://academy.itu.int.


Менаџер/Координатор на ITU Centre of Excellence на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје е проф. д-р Тони Јаневски.

 

Овој курс ќе биде фокусиран кон Future Internet, вклучувајќи ги техничките, регулаторните и бизнис аспектите. Притоа ќе бидат опфатени фундаментите на Интернет денес, вклучувајќи ги архитектурите, протоколите (IP, DNS, TCP, итн.), Интернет сервисите (WWW, e-mail, BitTorrent, Skype, итн.), како и управувањето со Интернет. Понатаму, курсот ќе ги опфати широкопојасните пристапни технологии кон Интернет, како што се DSL и кабелските мрежи, FTTH и следната генерација пасивни и активни оптички мрежи, метро Етернет, идните мобилни и безжични мрежи за Интернет пристап (LTE-Advanced и по LTE, гигабитни домашни мрежи), фиксната-мобилна конвергенција (делење на инфраструктурата, фемто-ќелии), како и работата на ITU на широкопојасен пристап. Исто така, овој курс ќе ја опфати работата на идниот Интернет и на следната генерација на мрежи (NGN) од страна на ITU, вклучувајќи IMS, NGN overlay мрежи, самоуправување, IPv6, сигурност и приватност, како и бизнис моделите. Понатаму, ќе бидат опфатени идните Интернет сервиси, вклучувајќи VoIP, идниот веб, peer-to-peer, Internet of things, in-network clouds, како и бизнис и регулаторните аспекти на конвергентните сервиси и содржини во идниот Интернет.


Курсот е наменет за менаџерите, инженерите и вработените во регулаторите, државната администрација, телекомуникациските оператори, ICT компаниите, како и од академската средина, кои се заинтересирани за разбирање, имплементација и регулирање на Future Internet, во однос на мрежниот дизајн, технологиите, стандардизацијата, регулативата и содржините. Останатите фирми / компании и поединци кои се посветени на зголемување на нивниот капацитет во однос на Future Internet се исто така добредојдени да учествуваат.


За добивање на формална покана за ITU CoE elearning курсот сите заинтересирани страни треба да го контактираат проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk), најдоцна до 28 мај 2012 година.

Отворен ден на ФЕИТ

od3.png

ISO 9001:2008

Календар
мај
« мај 2017 »
повтсрчепесане
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031