Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Настани ITU Centre of Excellence elearning курс: „Mobile Broadband”, 20 ноември – 17 декември 2012 година

ITU Centre of Excellence elearning курс: „Mobile Broadband”, 20 ноември – 17 декември 2012 година

кога 20.11.2012. 09:00 до
17.12.2012. 18:00
Додај настан во календар вКал (vCal)
иКал (iCal)

International Telecommunication Union (ITU) Centre of Excellence (CoE) на ФЕИТ во Скопје организира elearning курс на тема „Mobile Broadband” од 20 ноември до 17 декември 2012 година, во рамките на ITU Centre of Excellence мрежата за регионот на Европа, при што истиот ќе се реализира преку ITU Академијата: http://academy.itu.int.

Менаџер/Координатор на ITU Centre of Excellence на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје е проф. д-р Тони Јаневски.

Овој курс ќе биде фокусиран кон Mobile Broadband, вклучувајќи ги технологиите, регулаторните и бизнис аспектите. Притоа ќе бидат опфатени 3GPP мобилните broadband мрежи за LTE/LTE-Advanced, вклучувајќи го IMT-Advanced (ITU стандардот за 4G), Evolved Packet System (EPS), E-UTRAN, само-организирачките мрежи (Self Organizing Network - SON), имплементација на мрежата, управување со спектарот, како и бизнис моделите и предвидувањата за LTE/LTE-Advanced. Понатаму, курсот ќе ги опфати IEEE стандардите за Mobile Broadband, т.е. 3G Mobile WiMAX (IEEE 802.16e) и 4G Mobile WiMAX (IEEE 802.16m), вклучувајќи ги мрежниот дизајн и имплементацијата, фемто ќелиите во напредните WiMAX системи, Mobile IP и IEEE 802.21 за непрекината мобилност, меѓумрежно поврзување со LTE/LTE-Advanced, како и анализа на бизнис потенцијалот на мобилниот WiMAX. Понатаму, курсот ќе ги опфати WLAN/WiFi broadband пристапните мрежи, вклучувајќи ги IEEE 802.11n, hotspot решенијата, како и прелевање на сообраќај од 4G мобилни мрежи во WLAN. Исто така, ќе бидат опфатени Mobile Broadband сервисите, вклучувајќи ги IMS (IP Multimedia Subsystem), мобилен VoIP, мобилна IPTV, мултимедија стриминг, мобилните податочни сервиси, мобилните социјални мрежи, локациски базираните сервиси, делењето на мрежи за мобилни оператори во иднина, како и бизнис и регулаторните аспекти за Mobile Broadband сервисите.

Курсот е наменет за менаџерите, инженерите и вработените во регулаторите, државната администрација, телекомуникациските оператори, ICT компаниите, како и од академската средина, кои се заинтересирани за разбирање, имплементација и регулирање на Mobile Broadband, во однос на мрежниот дизајн, технологиите, стандардизацијата, регулативата и содржините. Останатите фирми / компании и поединци кои се посветени на зголемување на нивниот капацитет во однос на Mobile Broadband се исто така добредојдени да учествуваат.

За добивање на формална покана за ITU CoE elearning курсот сите заинтересирани страни треба да го контактираат проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk), најдоцна до 19 ноември 2012 година.

Отворен ден на ФЕИТ

od3.png

ISO 9001:2008

Календар
април
« април 2017 »
повтсрчепесане
12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930