Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Настани ITU Centre of Excellence elearning курс: „NGN, Cloud Computing and Ultra Broadband“, 30 мај – 26 јуни 2017

ITU Centre of Excellence elearning курс: „NGN, Cloud Computing and Ultra Broadband“, 30 мај – 26 јуни 2017

кога 30.05.2017. 00:00 до
26.06.2017. 23:55
Додај настан во календар вКал (vCal)
иКал (iCal)

MK_flag.png UK_flag.png

itu101.jpg

ITU Centre of Excellence elearning курс: „NGN, Cloud Computing and Ultra Broadband“

30 мај - 26 јуни 2017

 

International Telecommunication Union (ITU) Centre of Excellence (CoE) на ФЕИТ во Скопје организира elearning курс на тема „NGN, Cloud Computing and Ultra Broadband” од 30 мај до 26 јуни 2017 година, во рамките на ITU Centre of Excellence мрежата за регионот на Европа, при што истиот ќе се реализира преку ITU Академијата: https://academy.itu.int

Менаџер/Координатор на ITU Centre of Excellence на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје е проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk).

Овој курс ќе биде фокусиран на NGN, Cloud Computing и Ultra Broadband, вклучувајќи ги технологиите, регулаторните и бизнис аспектите. Притоа ќе бидат опфатени ITU Next Generation Networks (NGN), вклучувајќи ги сервисните архитектури (IP Multimedia Subsystem - IMS), контролата и сигнализацијата во NGN (SIP, Diameter), IPv6-базираните NGN, управување и мерење на перформансите во NGN, идната еволуција на NGN, како и регулаторните и бизнис аспектите на NGN. Понатаму, курсот ќе ги опфати cloud computing рамката на ITU, вклучувајќи ги системите, архитектурите и сервисните модели (IaaS, PaaS, SaaS, NaaS, CaaS), cloud сигурноста и приватноста, Over-The-Top (OTT) и телеком cloud имплементациите, како и бизнис и регулаторните аспекти на cloud computing. Исто така, ќе бидат опфатени и ultra broadband Интернет пристапот, вклучувајќи xDSL пристапни мрежи (ADSL2+, VDSL2), кабелски пристапни мрежи, Fiber-To-The-Home (FTTH), следна генерација оптички пристапни мрежи (NG-PON, NG-PON2, 10G-EPON) и активни оптички пристапни мрежи, Метро Етернет, како и бизнис и регулаторните аспекти за ultra broadband. На крајот, курсот ќе ја опфати broadband сервисите, мрежната неутралност и QoS, вклучувајќи ги NGN сервисите преку broadband (VoIP, IPTV), OTT data сервисите, Internet of Things (IoT), QoS за broadband сервисите, broadband Интернет KPIs и нивни мерења, ITU упатствата за QoS регулација, како и бизнис и регулаторните предизвици за broadband Интернет сервисите.

Курсот е наменет за менаџерите, инженерите и вработените во регулаторите, државната администрација, телекомуникациските оператори, ICT компаниите, како и од академската средина, кои се заинтересирани за разбирање, имплементација и регулирање на NGN, Cloud Computing и Ultra Broadband, во однос на технологиите, стандардизацијата, регулативата и содржините. Останатите фирми/компании и поединци кои се посветени на зголемување на нивниот капацитет во однос на NGN, Cloud Computing и Ultra Broadband се исто така добредојдени да учествуваат.

За добивање на формална покана за ITU CoE elearning курсот сите заинтересирани страни треба да го контактираат проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk), најдоцна до 29 мај 2017 година.

ITU_Academy_logo.png