Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Настани Летен курс за програмирање Code@FEIT 2012

Летен курс за програмирање Code@FEIT 2012

кога 13.08.2012. 10:00 до
23.08.2012. 13:00
Додај настан во календар вКал (vCal)
иКал (iCal)

----------------------------------------------------------------------------------------------------------

ГАЛЕРИЈА НА ФОТОГРАФИИ од Code@FEIT 2012

----------------------------------------------------------------------------------------------------------

Code@FEIT 2012

Code@FEIT 2012 е летен курс наменет првенствено за идни студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) без претходно програмерско искуство, но и за сегашни студенти на ФЕИТ кои сметаат дека би имале корист од посетување на курсот.

Во осум работни денови со три часа активности, слушателите на курсот ќе имаат можност да се запознаат со основите на програмирањето и дизајнирањето на алгоритми. Два часа секој ден ќе бидат искористени за предавања, а еден час ќе биде посветен на гостин, од факултетот или од компанија од релевантна област, кој ќе сподели свои искуства од својата досегашна работа и кариера.

Целта на Code@FEIT е да покаже нов пристап кон програмирањето и да ги мотивира младите да учат да програмираат и да креираат софтверски апликации. Курсот ќе биде бесплатен, и покрај за тековните и идните студенти на ФЕИТ, ќе биде отворен за други заинтересирани без разлика на старост, претходни познавања и професионална определба, секако со одредено ограничување на бројот на слободни места.

Предавач во рамките на Code@FEIT ќе биде колегата Стефан Ангелевски, дипломиран компјутерски инженер (B.Sc. Computer Engineering) на Brown University, Providence, RI, USA. Биографијата на колегата Ангелевски е дадена во прилог.

Биографија

----------------------------------------------------------------------------------------------------------

ПРОГРАМА НА Code@FEIT 2012

----------------------------------------------------------------------------------------------------------

10-11 Прв час

11-12 Втор час

12-13 Гостин (професор или компанија)

Ден

Час 1 (10-11)

Час 2 (11-12)

Цел

13.08

Вовед

(логистика и план за работа)

Eclipse, променливи, аритметика

Основи на програмирање. Концептот на if-else

14.08

If-else

While/for јамки

Концепт на различни јамки и рекурзија како основни алатки

15.08

Рекурзија vs. итерација

(примери на исти проблеми решени со рекуризја и итерација)

- Барање на квадратен корен O(n)

- n! O(n)

- печатење броеви (од 1 до n) во двете насоки

Барање различни решенија за проблеми. Користење на правилната алатка во зависност од проблемот

16.08

Фибоначиевата серија

(рекурзија vs. итерација vs. dynamic)

Барање на решение надвор од класична рекурзија/итерација

17.08

Aнализа на алгоритмите од трет час и анализа на фибоначи во сите три имплементации

Вовед во анализа. Критичко размислување за алгоритми

21.08

Аrrays - Низи

(броење на елементи во низа, креирање на низа со n број на елементи/два елемента кои се појавуваат наизменично, map/fold примери во низи...)

Податочната структура низа (вектор) и мал поглед на функционално програмирање

22.08

Повторување и посета на лаборатории

 

23.08

Филтер на елементи во низа

Bubble sort

Алгоритми за сортирање. Анализа на алгоритми за низи.



------------------------------------------------------------------------------------------------------------

ОДГОВОРИ НА НЕКОЛКУ ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА ЗА Code@FEIT:

------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Кога и каде се одржува Code@FEIT? - Курсот ќе се одвива во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје, секој работен ден од 10 до 13 часот почнувајќи од 13-ти Август 2012 до 22-ри Август 2012 година.

Колку чини посетувањето на курсот? – Курсот е бесплатен за сите учесници.

Дали може да се пријавам ако не сум сегашен или иден студент на ФЕИТ? - Code@FEIT е отворен за сите заинтересирани. За жал, бројот на слушатели е ограничен, па во случај на преголема заинтересираност предност ќе се даде на идните и сегашни студенти на ФЕИТ.

Кој програмски јазик ќе се користи? - Согласно со програмата за изучување на принципите на програмирање на ФЕИТ, ќе се предава во програмските јазици C и JAVA. Сепак, фокусот ќе биде поставен повеќе на дизајнот и имплементацијата на алгоритамот, отколку синтаксата на јазикот, така што и студенти со претходни познавања на кој било програмски јазик се добредојдени.

Како да се пријавам? - Пратете e-mail на codeatfeit@feit.ukim.edu.mk со наведување на вашето име и презиме. Доколку сте сегашен студент на ФЕИТ наведете го и вашиот индекс. Доколку, пак, сте иден студент на ФЕИТ, наведете го и вашиот број за идентификација од пополнетата електронска пријава. По составување на конечната листа на слушатели на курсот, сите пријавени ќе бидат известени по e-mail за евентуалното ограничување на слободни места.

До кога може да се пријавам? - Пријавувањето е отворено до Петок (10.08.2012).

Кога ќе знам дали ќе може да го следам курсот? - Списокот на пријавените кандидати кои ќе може да го слушаат курсот ќе биде објавен на  11.08.2012 (Сабота).

 

------------------------------------------------------------------------------------------------------------

СПИСОК НА УЧЕСНИЦИ НА Code@FEIT 2012

------------------------------------------------------------------------------------------------------------

 

Во прилог е даден списокот на учесници кои се пријавиле и ќе учествуваат во курсот Code@FEIT 2012. И покрај ограничените просторни можности, ФЕИТ се обиде да им излезе во пресрет на големиот број пријавени, и да овозможи што е можно поголем број од нив да присуствуваат на курсот:

1. Список на учесници во курсот Code@FEIT 2012

----------------------------------------------------------------------------------------------------------

ПРЕЗЕНТАЦИИ ОД ПРЕДАВАЊАТА НА Code@FEIT 2012

----------------------------------------------------------------------------------------------------------

ДЕН 1 - 13.08.2012

----------------------------------------------------------------------------------------------------------

1. Предавање за програмирање - ЧАС 1-2 (Стефан Ангелевски)

2. Предавање од гостин - (Доц. д-р Марија Календар)

----------------------------------------------------------------------------------------------------------

ДЕН 2 - 14.08.2012

----------------------------------------------------------------------------------------------------------

1. Предавање за програмирање - ЧАС 3-4 (Стефан Ангелевски)

----------------------------------------------------------------------------------------------------------

ДЕН 3 - 15.08.2012

----------------------------------------------------------------------------------------------------------

1. Предавање за програмирање - ЧАС 5-6 (Стефан Ангелевски)

----------------------------------------------------------------------------------------------------------

ДЕН 4 - 16.08.2012

----------------------------------------------------------------------------------------------------------

1. Предавање за програмирање - ЧАС 7-8 (Стефан Ангелевски)

----------------------------------------------------------------------------------------------------------

ДЕН 5 - 17.08.2012

----------------------------------------------------------------------------------------------------------

1. Предавање за програмирање - ЧАС 9-10 (Стефан Ангелевски)

----------------------------------------------------------------------------------------------------------

ДЕН 6 - 21.08.2012

----------------------------------------------------------------------------------------------------------

1. Предавање за програмирање - ЧАС 11-12 (Стефан Ангелевски)

СКЕЕОР

skeeor1.png

ISO 9001:2008

Календар
март
« март 2017 »
повтсрчепесане
12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031