Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Настани Линукс курсеви во јануари-февруари 2013

Линукс курсеви во јануари-февруари 2013

кога 11.02.2013. 17:00 до
05.03.2013. 21:00
Додај настан во календар вКал (vCal)
иКал (iCal)

Во последно време, Linux дистрибуциите во светот на информатиката бележат сè поинтензивна употреба како резултат на нивната стабилност, бесплатните дистрибуции и нивната блискост до крајниот корисник. Во светот постојат повеќе Linux курсеви со соодветни сертификати, но повеќето од нив работат со една специфична дистрибуција. Цената за слушањето на ваквите курсеви е поголема од неколку стотина евра.

Поради сето ова, на Факултетот за електротехника и информациски технологии организираме Linux курсеви кои по својата организираност и процесот на учење се разликуваат од сите останати меѓународни курсеви. Нашите Linux курсеви се обопштени, односно се изучуваат сите популарни и најчесто користени дистрибуции во светот (SuSE, CentOS, Ubuntu). На овој начин посетителите на курсевите ќе можат да се соочат во практичната работа со која било дистрибуција или нејзин дериват. По ислушуваањето на Linux курсот, посетителот ќе добие сертификат од ФЕИТ за успешно завршен курс.

На ФЕИТ веќе успешно се организираше еден “Основен курс за Linux”, па поради заинтересираноста на студентите од нашиот факултет како и од другите технички факултети во Р. Македонија продолжуваме со повторно оддржување на “Основен курс за Linux” и воведување на “Среден курс за Linux”. За студентите, постдипломците и докторантите запишани на ФЕИТ Деканатот одобри попуст од 20% од редовната цена.

Термините за оддржување на курсевите се следниве:

  • “Основен курс за Linux”, 32 часа, од 11.02.2013 до 19.02.2013 год. Пријавување најдоцна до 07.02.2012
  • “Среден курс за Linux”, 40 часа, од 20.02.2013 до 05.03.2013 год. Пријавување најдоцна до 18.02.2012

 

Курсевите и нивните цени се дадени во следната табела:

 

Име на курсот:

Број на часови

Цена по слушател за студенти, постдипломци или докторанти запишани на ФЕИТ

Цена по слушател за студенти, постдипломци или докторанти на било која акредитирана образовна установа во Р. Македонија

Цена по слушател за сите останати лица

Basic Linux Course

32

4960 ден.

6200 ден.

9300 ден.

Intermediate Linux Course

40

6000 ден.

7500 ден.

11200 ден.

Пријавувањето за курсевите е на емаил адресата linuxfeit@feit.ukim.edu.mk.

Во прилог се дадени програмите за двата курса.

“Основен курс за Linux”

“Среден курс за Linux”

Отворен ден на ФЕИТ

od3.png

ISO 9001:2008

Календар
мај
« мај 2017 »
повтсрчепесане
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031