Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Настани Предавање на тема „Аномална динамика во комплексни системи: од експеримент до теорија и обратно“ на м-р Трифче Сандев

Предавање на тема „Аномална динамика во комплексни системи: од експеримент до теорија и обратно“ на м-р Трифче Сандев

кога 28.05.2012.
од 11:00 до 13:00
Додај настан во календар вКал (vCal)
иКал (iCal)

Во насока на промовирање на работата и резултатите на младите научници во Република Македонија, м-р Трифче Сандев од Дирекцијата за радијациона сигурност кој воедно е и докторант на Природно-математичкиот факултет во Скопје ќе одржи предавање на тема „Аномална динамика во комплексни системи: од експеримент до теорија и обратно“. М-р Сандев е носител на наградата „Најмлад научник за 2011 година“, награда која ја доделува Претседателот на Република Македонија.

Предавањето, во заедничка организација на ФЕИТ, Здружението ЕТАИ и Македонската секција на IEEE, ќе се одржи на 28.05.2012 година (понеделник), со почеток во 11:00 часот во Салата за состаноци на ФЕИТ.

Во прилог се дадени апстрактот на предавањето и кусата биографија на м-р Сандев.

Отворен ден на ФЕИТ

od3.png

ISO 9001:2008

Календар
мај
« мај 2017 »
повтсрчепесане
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031