Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Настани Предавање со наслов: „Степени на слобода на одредени безжични мрежи во некохерентно сценарио: геометриски пристап“ на Зоран Утковски

Предавање со наслов: „Степени на слобода на одредени безжични мрежи во некохерентно сценарио: геометриски пристап“ на Зоран Утковски

кога 24.12.2012.
од 13:00 до 15:00
Додај настан во календар вКал (vCal)
иКал (iCal)

На 24 декември 2012 година, понеделник, во 13:00 часот во Салата за состаноци на ФЕИТ предавање ќе одржи д-р Зоран Утковски, доцент на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Предавањето е насловено како „Степени на слобода на одредени безжични мрежи во некохерентно сценарио: геометриски пристап“, а се одржува во рамките на активностите на Одделот за теорија на информации при македонската секција на IEEE. Во прилог се дадени апстрактот на предавањето и кусата биографија на предавачот.

Зоран Утковски: Степени на слобода на одредени безжични мрежи во некохерентно сценарио: геометриски пристап

Апстракт

Презентацијата го адресира некохерентниот MIMO (multiple-input-multiple-output) комуникациски канал со повеќекратен пристап (MAC), во услови на блок фединг. Во рамките на презентацијата ќе изведеме граници за “pre-log” регионот (бројот на степени на слобода) за овој канал. Дополнително, ќе предложиме комуникациска шема која ја постигнува горната граница на бројот на степени на слобода за вкупната комуникациска рата на индивидуалните корисници. Анализата е поддржана со геометриска интерпретација, заснована на парадигмата за комуникација со помош на потпростори. Дополнително, ќе дискутираме за воопштувањето на геометрискиот пристап на други основни безжични мрежи како што е каналот со реле и каналот со интерференција помеѓу корисниците.

Кратка биографија

Зоран Утковски има дипломирано на Електротехничкиот факултет во Скопје во 2000 год., магистрирано (со дистинкција) на Техничкиот универзитет Чалмерс во Гетеборг, Шведска во 2004, и докторирано (со дистинкција) на Универзитетот Улм, Германија во 2010.

Во моментот е доцент на Универзитетот Гоце Делчев – Штип, каде што е раководител на Катедрата за процесирање на сигнали и комуникациски системи. Од 2005 до 2010 има работено како асистент на Универзитетот во Улм, Германија. Негови главни истражувачки области од интерес се теоријата на информации и теоријата на комуникации, со фокус на геометриските аспекти на кодирањето за некохерентни комуникации во безжични мрежи.

Д-р Утковски има публикации во IEEE списанија и презентации на главните IEEE конференции од областа на комуникациите и теоријата на информации. Тој е ко-автор на трудот кој ја има добиено наградата за најдобар постер на IEEE Communication Theory Workshop во 2010. Тој е национален претставник во COST IC1004 Акцијата “Cooperative Communication for Green Smart Environments”.

Z. Utkovski: The Degrees of Freedom of Certain Wireless Networks in the Non-coherent Setup: A Geometric Approach

Abstract

The presentation addresses the non-coherent multiple-input multiple-output (MIMO) block fading multiple-access channel (MAC). We derive bounds on the corresponding pre-log region (degrees of fredom) of the corresponding channel. In addition, we propose a communication scheme which achieves the upper bound on the pre-log factor for the sum-rate of the individual users. The analysis is supported by a geometric interpretation, based on the paradigm of subspace-based communication. In addition, we discuss the generalization of the geometric approach to other fundamental wireless networks, such as the relay channel and the interference channel.

Short Biography

Zoran Utkovski received the Dipl.-Ing. in electrical engineering from Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, R. Macedonia, in 2000, M.Sc. (with distinction) in communications engineering from Chalmers University of Technology, Sweden in 2004, and Dr.-Ing. (with distinction) in communications engineering from University of Ulm, Germany, in 2010.

He is currently an Assistant Professor at University Goce Delcev Stip, R. Macedonia, where he is head of the Signal Processing and Communication Systems group. From 2005 to 2010, he was with University of Ulm, Germany. His main research interests are in the field of information and communication theory, with a focus on the geometric aspects of coding for non-coherent communication in wireless networks.

Dr. Utkovski has publications in IEEE Journals and major IEEE conferences in the field of communications and information theory. He is a co-author of the Best Poster Award paper at the IEEE Communication Theory Workshop in 2010. He is a national representative in the COST Action IC1004 “Cooperative Communication for Green Smart Environments”.

Инфо ден на ФЕИТ

od4m.png

ISO 9001:2008

Календар
aвгуст
« aвгуст 2017 »
повтсрчепесане
123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031
Соопштенија

Оглас за стипендија-Гентерм Македонија

Рок на аплицирање: до 22.8.2017

Конкурс во рамки на програмата Еразмус+

Рок на аплицирање: до 05.10.2017