Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости 1-ва работилница од областа на телекомуникациите FutureComNet 2014

1-ва работилница од областа на телекомуникациите FutureComNet 2014

MK_flag.png UK_flag.png

workshop_mk6.jpg

1-вата работилница од областа на телекомуникациите FutureComNet 2014 ќе се одржи на 19 мај 2014 година во Скопје, Македонија по иницијатива и во организација на Институтот за телекомуникации (ИТК) при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), Скопје.

FutureComNet има за цел да ги спои сите релевантни фактори од академијата, индустријата, телеком операторите, компаниите ирегулаторните тела да дискутираат и разменуваат идеи во широката област на телекомуникациите.

На работилницата, пленарни предавања ќе одржат еминентни предавачи од академијата и стопанството, ќе се одржи панел сесија "OTT сервиси во Македонија" и постер презентации на лабораториите и на актуелните истражувања и проекти на претставниците и соработниците на Институтот за телекомуникации.

Посетата на Институтот и на лабораториите на Институтот за телекомуникации ќе се искористат за демонстрација на некои развиени демо-платформи и запознавање со инфраструктурата на Институтот.

Локација: ФЕИТ/ИТК

Време: 9:00 – 14:00 часот

Повеќе информации на : http://tk.feit.ukim.edu.mk