Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Академикот проф. д-р Леонид Грчев избран за IEEE Fellow

Академикот проф. д-р Леонид Грчев избран за IEEE Fellow

grcev.jpegПрестижната асоцијација IEEE го избра академикот проф. д-р Леонид Грчев за IEEE Fellow во класата 2013, за неговиот посебен придонес кон преодно електромагнетно моделирање на заземјувачки системи (transient electromagnetic modeling of grounding systems).

IEEE (www.ieee.org) е водечка светска организација за унапредување на технологијата во полза на човештвото и брои преку 400.000 члена од 160 земји во светот. Таа е водечкиот авторитет за огромен број на области - од вселенски системи, комјутери и телекомуникации, па сè до биомедицинско инженерство, електрична енергија и електроника. IEEE публикува 30 проценти од светската литература во областа на електротехниката и информациските технологии и развила над 900 активни индустриски стандарди.

Изборот во IEEE Fellow е ригорозен и долготраен процес. Бројот на избрани било која година не смее да надмине еден промил од вкупниот број членови. Титулата IEEE Fellow во светската научна и техничка јавност се смета за врвна почест и важно достигнување во кариерата.

Ова е голем успех за проф. Грчев, но и за ФЕИТ и Универзитетот исто така.

Честитки до професорот Грчев!

Отворен ден на ФЕИТ

od3.png

ISO 9001:2008

Календар
мај
« мај 2017 »
повтсрчепесане
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031