Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости БЕСТ курсеви од пролетна сезона

БЕСТ курсеви од пролетна сезона

BESTSkopjeVEST1.jpgСмачено ви е од актуелниот студ? БЕСТ - Борд на Европски Студенти по Технологија реши да ви подари малку топлина во овие зимски денови. Што ако знаете дека за една поинаква пролет е потребна само желба за патување, учење, дружење...?
БЕСТ е интернационална студентска, непрофитна и неполитичка огранизација, целосно организирана и водена од студенти. Од 1989 година БЕСТ обезбедува комуникација, соработка и размена на можности за студенти ширум Европа. 91 Локална БЕСТ Група во 30 земји создаваат се поголема, млада и иновативна студентска мрежа која се одржува преку многубројни заеднички проекти, интереси и пријателства.

БЕСТ ви нуди единствена можност да посетите некој од европските градови (Париз, Москва, Милано, Хелсинки, Прага, Лисабон...), да минете незаборавни мигови во забава и дружење, а притоа и да присуствувате на предавања на одредена  тема кои ги држат професори од универзитетот – домаќин.

Сите трошоци за храна, спиење, шетање ви ги обезбедува Локалната БЕСТ Група која го организира курсот. Единствено што Вие треба да си обезбедите се патните трошоци.

На курсевите може да се пријави секој студент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кој знае англиски јазик. Сè што треба да направите е да напишете кратко и интересно мотивационо писмо и да аплицирате на најмногу 3 курса во сезоната.

Крајниот рок за поднесување на апликациите е 11 декември.

 

- Листа на курсевите


-
Како да аплицирате


- Упатство за пишување мотивационо писмо

 

- Често поставувани прашања*

Отворен ден на ФЕИТ

od3.png

ISO 9001:2008

Календар
мај
« мај 2017 »
повтсрчепесане
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031