Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Доделени нови 14 стипендии од енергетските компании

Доделени нови 14 стипендии од енергетските компании

Продолжува стимулирањето на најдобрите студенти на ФЕИТ

 

14 најдобри студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии, денеска, добија стипендии од енергетските компании АД Електрани на Македонија, АД МЕПСО и ЕВН Македонија. Со ова, шестта година по ред, продолжува стимулирањето на најдобрите студенти со месечна стипендија од 6.000 денари, кои ќе ја добиваат доколку задржат минимална оценка од 8.0.

За деканот на ФЕИТ, Димитар Ташковски, со ова се потврдува одличната соработка на Факултетот со стопанството и поддршката што ја добиваат студентите кои се вложуваат во образованието.

„Енергетските компании во Македонија, во изминативе шест години, стипендираа многу студенти, доделувајќи по 15 стипендии на годишно ниво. Дел од овие најдобри студенти веќе се дипломирани на ФЕИТ и вработени во овие енергетски гиганти. Како факултет сме горди што, преку овој проект, ги спојуваме најдобрите студенти со најдобрите компании во сферата на електроенергетиката и ја потврдуваме соработката меѓу образовните институции и стопанството. Посакувам оваа традиција да продолжи и понатаму и да се зголемува незјиниот опфат, со поголем број студенти и поголем број енергетски компании, но и нејзиниот квалитет во поддржување на најдобрите“, порача деканот Ташковски.

1.jpg

Генералниот директор на АД ЕЛЕМ, д-р Христијан Мицкоски, во своето обраќање до студентите рече дека со вложувањето во нив, Компанијата вложува во својата иднина и во иднината на Република Македонија.

„Денеска, на петмина академски граѓани, кои сега се втора година на додипломски студии, им доделивме годишни стипендии во износ од 60.000 денари. Со ова правиме можеби мал чекор, но за многумина седнати во овие клупи, цврсто веруваме дека тоа ќе биде поттик и мотивација да се вложат максимално и во целост, да го искористат личниот и професионалниот капацитет. Среќен сум што  во континуитет го зголемуваме бројот на стипендирани студенти, затоа што во последните пет  години, подадовме рака на уште 24 ваши усшешни колеги. Убеден сум дека ова семејство ќе го прошируваме и во годините што доаѓаат“, рече Мицкоски.

2.jpg

Досега, во ЕВН Македонија се вработени осум стипендисти од ФЕИТ, потенцираше д-р Игор Гиевски, член на Управниот одбор на ЕВН Македонија АД, Скопје.

„... Поддршката на младите и стурчни кадри не е само дел од општествената одговорност на компанијата, туку тоа е и една од стратегиите на ЕВН за развој на енергетскиот сектор во земјава. Од самиот старт сме вклучени во стипендирањето на талентираните стручни кадри. Досега, 27 студенти се наши стипендисти, а веќе осум од нив се наши колеги, кои по студиите добија понуда за работа во ЕВН Македонија“, рече Гиевски.

3.jpg

Според претседателот на Управниот одбор и генералендиректор на АД МЕПСО, Ненад Јовановски, имаме обврска да дадеме поддршка на студентите.

„Наша одговорност е да дадеме поддршка на младоста, на студентите. Да ги охрабриме и да им покажеме дека ги следиме нивниот развој и ги вреднуваме нивните резултати. Со тоа градиме просперитетна иднина на електроенергетиката во Македонија. Ова е вистинскиот пат, иако е тежок и бара многу одрекувања. МЕПСО својата долгорочна стратегија ја темели на поддршката на науката и на студентите. Во моментов имаме 24 стипендисти и ќе продолжиме да ги поддржуваме со можност за зголемување на нивниот број“, рече Јовановски.

1.jpg

Галерија