Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Донација на опрема за Лабораторијата за релејна заштита на Институтот за ЕЦРП

Донација на опрема за Лабораторијата за релејна заштита на Институтот за ЕЦРП

logoabb.pngРеномираната компанија за производство на електрична опрема ABB која е една од светските водечки компании во електроенергетскиот сектор, донираше опрема во Лабораторијата за релејна заштита на ФЕИТ. Опремата се состои од два најсовремени уреди за заштита на електроенергетски системи од ABB и тоа:

  • REL 670 - уред за заштита и управување на високонапонски изводи,

  • REТ 650 - уред за заштита на трансформатори.

Во рамките на оваа донација е добиен и комплетен софтвер за обука на стручен персонал за нагодувањето и параметрирањето на добиените уреди за заштита.

Иницијативата за донација на најсовремена нумеричка заштита потекна од раководителот на Лабораторијата за Релејна заштита, проф. д-р Мито Златаноски, а следеше повеќемесечна активност на г-дин Игор Секуловски, претставник на канцеларијата на ABB за Македонија и на м-р Владимир Стојаноски.

Во дводневна посета на нашиот факултет во јуни беше екипа од ABB предводена од г. Ларс-Олоф Јонсон (Мr. Lars-Olof Jonsson), менаџер за продажба на високонапонска опрема на ABB Шведска, како и г. Антун Иван Краљевиќ, инженер за продажба на ABB Загреб, Хрватска. Во рамките на дводневната активност беа презентирани најновите технолошки решенија на ABB во делот на заштита на електроенергетските системи. Исто така, планирани се и дополнителни тренинг-програми за обука за работа со опремата која е донирана.

Со опремата и софтверот се планира во делот на наставната дејност да се реализираат лабораториски вежби за студентите кои ги следат предметите од областа на релејната заштита на електроенергетските системи, со што истите ќе се оспособат да работат на оваа проблематика секаде во светот. Исто така, се планира во рамките на Центарот за техничка заштита и Лабораторијата за релејна заштита да се формира Тренинг-центар за обука од областа на релејната заштита за инженерскиот персонал во Република Македонија што работи во делот на заштита на електроенергетските објекти, а кој би бил прв таков центар на Балканот.

Македонска верзија

ABB1.JPG

ABB2.JPG

Отворен ден на ФЕИТ

od3.png

ISO 9001:2008

Календар
мај
« мај 2017 »
повтсрчепесане
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031