Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости EBEC – European BEST Engineering Competition

EBEC – European BEST Engineering Competition

БЕСТ- Бордот на европски студенти по технологија како непрофитна и неполитичка организација која опстојува во преку 30 земји ширум Европа, со годрост ви го најавува и ве поканува на 9, 10 и 11 мај да учествувате на тридневниот EBEC – European BEST Engineering Competition (Европски БЕСТ инженерски натпревар).
Примарната цел на овој натпревар е на креативен и иновативен начин тимски да се решаваат комплексни инженерски проблеми.
Инволвирајќи ги компаниите во овој проект, овој настан претставува одлична можност студентите - учесници и компаниите да воспостават директен контакт и можност за понатамошна регрутација на најдобрите инженери. Како прва скала од пирамидата составена од три нивоа, овој натпревар е дел од најголемиот европски
инженерски натревар за студенти – EBEC.
Учесниците на овој натпревар работат во тимови од по 3 членови во три различни категории на натпревари, како одлична можност за стекнување на тимски вештини. Овој тридневен настан ќе се одржува на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), во просториите на ФЕИТ и МФС. Оваа година натпреварот е поддржан од Ситроен Македонија и од Сивус кои обезбедија интересни награди за победниците.
Заинтересираноста за учество на овој натпревар како од компаниите така и од студентите изминатите две години е во се поголем пораст.
За подетални информации посетете ја страната ebec.best.org.mk .

123.jpg

 

DSC03773.jpg

EBEC_Local_skopje1.jpg

СКЕЕОР

skeeor1.png

ISO 9001:2008

Календар
март
« март 2017 »
повтсрчепесане
12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031