Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости ФЕИТ стана член на Malta Digital Cluster

ФЕИТ стана член на Malta Digital Cluster


maltadigitalcluster.jpg

 

Со особено задоволство ве информираме дека ФЕИТ стана дел од Malta Digital Cluster, http://projects.paragoneurope.eu/digitalcluster.php, кој ги обединува најзначајните компании, истражувачки институти и универзитети во областа на дигитални проекти во Европа. Malta Digital Cluster се фокусира на областите Industry 4.0, Internet of Things (IoT), компјутерска безбедност, big data, напредни решенија за работа во облак и зачувување на податоци, развој на апликации и софтвер, телекомуникации, инфраструктура, истражувања и иновации и технологии. Идејата зад овој кластер е сите ентитети во него активно да соработуваат преку размена на искуства, истражување на нови пазари, подготовка на иновативни проекти како и контакт со приватни инвеститори заради финансирање на истражувања и иновации. Главниот фокус на кластерот е развојната програма H2020 на Европската комисија каде кумулативно во наредниов период стојат на располагање речиси 5 милијарди евра за истражувања и развој на областите од интерес на кластерот.

Во рамките на иницијалните контакти во кластерот, ФЕИТ веќе оствари плодни дискусии со компанијата Paragon Europe, една од основачите на кластерот, и дефинираше неколку области на кои ќе се фокусира идната заедничка соработка. Вреди да се напомене и дека преку учеството во Malta Digital Cluster и соработката со Paragon Europe, на студентите на ФЕИТ им стои отворена можноста да остварат студентска пракса во некоја од компаниите членки на кластерот во Малта.