Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости ФЕИТ стана партнер во проектот BUILD UP Skills во програмата Intelligent Energy Europe (IEE)

ФЕИТ стана партнер во проектот BUILD UP Skills во програмата Intelligent Energy Europe (IEE)

Факултетот за електротехника и информациски технологии стана партнер во проектот BUILD UP Skills во програмата Intelligent Energy Europe (IEE), заедно со Стопанската комора на Македонија, Агенцијата за енергетика на Република Македонија, Градежниот институт и консултанската компанија „Креација“. Координатор од ФЕИТ е вон. проф. Христина Спасевска.

Проектот ќе ја дефинира на постоечката состојба во градежниот сектор по однос на работните вештини кои ги имаат стручниот и високообразовниот кадар се со цел постигнување на целите 20/20/20 од Кјото Протоколот. Врз основа на добиената анализа ќе бидат дефинирани образовни програми за долгорочно учење, како и воведување нови дисциплини во средните училишта и факултетите за надградба на нивните вештини и знаења од областа на енергетска ефикасност и обновлвивите извори на енергија.

На овој начин Македонија ќе ги зголеми шансите за постигнување на зацртаните цели по однос на намалената  потрошувачка на електрична енергија како и учеството на обновливите извори во вкупно произведената енергија. Истовремено овој проект ќе допринесе за исполнување на целите и обврските на Македонија до 2020 година, согласно Стратегијата за унапредување на енергетската ефикасност. Активностите во проектот ќе се реализираат во координација со уште 30 конзорциуми од Европа.

Отворен ден на ФЕИТ

od3.png

ISO 9001:2008

Календар
мај
« мај 2017 »
повтсрчепесане
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031