Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Екипа на ФЕИТ повторно ОСВОИ ПРВО МЕСТО на меѓународниот студентски натпревар HARDWARE & SOFTWARE

Екипа на ФЕИТ повторно ОСВОИ ПРВО МЕСТО на меѓународниот студентски натпревар HARDWARE & SOFTWARE

На VIII Mеѓународен натпревар Hardware & Software, H&S 2012, што се одржа од 29.10. до 03.11.2012 год. на Електротехничкиот факултет во Бања Лука, Босна и Херцеговина, екипата на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“− Скопје го потврди успехот од минатата година и повторно го освои првото место. Оваа година тимот го сочинуваа студентите: Татјана Чавдарова, Викториа Донева, Александар Лазаров и Сашко Јовановски. Тимот го предводеа Дарко Цветковски и Бранислав Геразов, под менторство на проф. д-р Гоце Арсов. Подготовките ги организираше Институтот за електроника на ФЕИТ, со студенти од модулите Електроника и Компјутерска техника и информатика. Македонските претставници со својата посветена и напорна работа успеаја да победат во силната конкуренција меѓу шест екипи од Романија, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија и да го освојат првото место на овој значаен натпревар од меѓународно ниво.
Задачата на натпреварувачите беше да се направи роботски систем за играње на играта „Поврзи 4“ во која двајца играчи во табла од 6 Х 7 полиња играат наизменично и се обидуваат да поврзат 4 полиња во линија. Системот требаше да се изведе со употреба на роботска рака, микроконтролер, веб камера и персонален компјутер. Во реализацијата требаше да се дизајнираат и имплементираат алгоритми за: процесирање на слика за препознавање на полето и одиграните потези; за одбирање на следниот потег со употреба на вештачка интелигенција; за управување на роботската рака и за комуникација меѓу микроконтролерот и компјутерот. (http://indel.etfbl.net/hs/task.html)
Со оваа победа, тимот од ФЕИТ го докажа високото ниво на подготвеност на студентите, како и високиот квалитет на образовниот процес на овој факултет.

MIA_SLIKA1.JPG

Слика 1 – Екипата на ФЕИТ: (од лево кон десно) Дарко Цветковски, Сашко Јовановски, проф.д-р Гоце Арсов, Татјана Чавдарова, Викториа Донева, Александар Лазаров, Бранислав Геразов

MIA_SLIKA2.JPG

Слика 2 –Реализираниот роботски систем на тимот на ФЕИТ

MIA_SLIKA3.JPG

Слика 3 – Победа на финалниот натпревар

Повеќе слики и детали за натпреварот може да се најдат на http://indel.etfbl.net/hs/ .

Видео

СКЕЕОР

skeeor1.png

ISO 9001:2008

Календар
март
« март 2017 »
повтсрчепесане
12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031