Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости ИАЕСТЕ Македонија – 65-та ИАЕСТЕ Годишна конференција

ИАЕСТЕ Македонија – 65-та ИАЕСТЕ Годишна конференција

AC2012LOGO.jpgШто? - Најважен меѓународен настан кој ги поврзува сите ИАЕСТЕ комитети од целиот свет.


Кога? – Од 20-ти до 27-ми jануари 2012

Каде? – Во Скопје, Република Македонија.

Кој? – Преку 300 делегати, гости и членови.

Цел? - Размена на пракси од компании и универзитети за студенти од целиот свет; споделување на искуство и знаење за работата на сите ИАЕСТЕ клубови; промоција на Македонија на меѓународно ниво.

ГКГодишната конференција на ИАЕСТЕ е настан кој ги поврзува сите ИАЕСТЕ комитети ширум светот кои заедно носат значајни одлуки за иднината на меѓународното делување и овозможува дипломатско подобрување на политичките и културните односи помеѓу сите земји членки на ИАЕСТЕ.

Се одржува еднаш годишно, секоја година во различна земја. Конференцијата трае една седмица и поделена е на два позначајни дела, конференциски сесии (дискусии, одлучувачки сесии и гласање) и разменски сесии (сесии каде се разменуваат праксите). На конференциските сесии преку 300 делегати, претставници на ИАЕСТЕ, од 87 различни земји, со здружени сили ги планираат работите кои треба да се реализираат во тековната година, на меѓународно ниво. На разменските сесии се разменуваат пракси од сите ИАЕСТЕ земји.

Во 2012 година, за прв пат во историјата на ИАЕСТЕ ја имаме честа оваа конференција да се одржи во Македонија. Ќе трае од 20-ти до 27-ми јануари. Подготовките одамна започнаа, заедно со маркетинг кампањата и најзначајната, кампањата за стекнување партнерства, помагатели и соработници. Голема значајност на овој настан му придава и покровителот на конференцијата, Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, кој ќе присуствува на дел од вечерните настани на конференцијата.

Организирањето на Годишната конференција носи огромни бенефиции за нашата држава и овозможува нејзино презентирање пред многубројното ИАЕСТЕ членство и институциите со кои соработуваме.

ИАЕСТЕ Македонија е непрофитна организација водена од студенти - волонтери кои постојано вложуваат во себе, во своето образование и професија. ИАЕСТЕ Македонија е неполитичка, независна, невладина, волонтерска организација која овозможува размена на студенти од техничките факултети за извршување на стручна пракса. ИАЕСТЕ Македонија е организација која овозможува стекнување на работно искуство и издигнување на професионален план на секој студент. Таа му дава можност на секој студент да стане дел од едно семејство во кое ќе стекне пријатели од целиот свет и ќе доживее незаборавни моменти.

 

10852_203483363242_725638242_3954426_1522434_n.jpg

СКЕЕОР

skeeor1.png

ISO 9001:2008

Календар
март
« март 2017 »
повтсрчепесане
12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031