Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости ЕКИПА ОД ФЕИТ ОСВОИ ЗЛАТЕН МЕДАЛ НА VII МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР HARDWARE & SOFTWARE, H&S 2011 ВО НОВИ САД, СРБИЈА

ЕКИПА ОД ФЕИТ ОСВОИ ЗЛАТЕН МЕДАЛ НА VII МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР HARDWARE & SOFTWARE, H&S 2011 ВО НОВИ САД, СРБИЈА

Тим на студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии го освоија првото место на VII Меѓународен натпревар Hardware & Software, H&S 2011, кој се одржа на Факултетот за технички науки во Нови Сад, Србија во периодот 24 – 28 октомври 2011. Во жестока конкуренција од седум екипи од кои три од Романија, две од Србија и една од Босна и Херцеговина, по четири дена на интензивна и самопрегорна работа од просечно 18 часови на ден, тимот студенти од ФЕИТ се докажа како најквалитетен во однос на останатите екипи.

Задачата, оваа година, се состоеше во изработка на систем за автономно истражување на непознат терен, слично на Марс роверот. Системот беше составен од RP6 робот, RFID читач, GPRS модем, жироскоп, dsPIC микроконтролер и персонален компјутер. Мисијата на роботот беше самостојно да пронајде и исчита точно одредена низа од RFID картички во зададен простор и нивните кодови да ги испрати преку GPRS модемот до персоналниот компјутер кој ја има улогата на команден центар и центар за обработка на податоци. Серверот од своја страна имаше задача да ја исцртува патеката која ја минал роботот и да ги декодира и прикаже зборовите соодветни на примените RFID кодови, за што беше неопходно создавање на графички кориснички интерфејс, база на податоци и соодветен веб-интерфејс. „Интелигенцијата“ на роботот за најпрецизно и најкусо пронаоѓање на низата RFID картички беше од пресудно значење во оценувањето на тимовите од страна на жирито, а во тој поглед тимот од ФЕИТ заслужено триумфираше.

Тимот, во духот на името на натпреварот, беше во комбиниран состав од две насоки на ФЕИТ и тоа: Игор Симевски и Мартин Цветковски од насоката Информатика и компјутерско инженерство и Лазо Димитриевски и Стојан Матески од насоката Електроника радиотехника и процесирање на сигнали. Тимот го предводеа Дарко Цветковски и Бранислав Геразов, под менторство на проф. д-р Гоце Арсов, сите при Институтот за електроника на ФЕИТ.

Победата претставува доказ за нивото и квалитетот на образовниот процес на ФЕИТ во меѓународни рамки, а е резултат на негувањето на повеќе модерни области, меѓу кои особено треба да се истакне областа на вградливите микрокомпјутерски системи.

 

slika1.jpg

Слика 1 – Доделување на златните медали: (од лево кон десно) Милош Сланкаменац (член на организациски одбор), Мартин Цветковски, Дарко Цветковски, Гоце Арсов, Лазо Димитриевски, Бранислав Геразов, Стојан Матески, Игор Симевски и Милош Живанов (Претседател на организациски одбор)

slika2.jpg

Слика 2 – Изглед на реализираниот роботски систем на тимот на ФЕИТ

Видео од финалниот настап на тимот на ФЕИТ на натпреварот може да видите овде.

Од дневниот печат: http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=6A0CC10267133C4B925815091C65EFCB

Инфо ден на ФЕИТ

od3min.png

Летна школа

vms2017.png

ISO 9001:2008

Календар
јуни
« јуни 2017 »
повтсрчепесане
1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930