Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Натпревар БИЗНИС ПЛАН за ПРОМОЦИЈА НА ФЕИТ

Натпревар БИЗНИС ПЛАН за ПРОМОЦИЈА НА ФЕИТ

Успешната соработка помеѓу Факултетот за електротехника и информациски технологии - Скопје и СУГС Раде Јовчевски - Корчагин беше крунисана со натпреварот за најдобар бизнис план кој се одржа во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје на ден 29.03.2012 (четврток).

На овој натпревар учество зедоа членовите на Кариерниот Центар при гимназијата Раде Јовчевски - Корчагин“ во Скопје и од вкупно седум екипи, во финалниот дел влегоа трите најуспешни. Екипите беа во состав:

ЕКИПА 1:

  • Мартин Матески

  • Душан Тајковски

  • Марко Јосимовски

copy_of_slika1.jpg

ЕКИПА 2:

  • Филип Симјаноски

  • Кристијан Поповски

DSC03786.JPG

ЕКИПА 3:

  • Симона Стојановска

  • Бонита Колевска

  • Шерафедин Мустафа

  • Андреј Георгиевски

slika3.jpg

Презентациите се состоеа од еден поинаков поглед кон претставувањето на еден факултет, односно она што средношколците сакаат да го чујат и да го знаат пред да одлучат каде би студирале. Особен акцент трите екипи ставија на информирањето и пренесувањето на информации преку оние медиуми кои оваа група млади луѓе најмногу ги користи и на кои е најприсутна - веб порталите, блоговите, и неизбежните пријатели на тин-генерациите: FACEBOOK и Twitter. Презентациите беа на високо професионално ниво , со јасни симболи и чиста порака: БИДИ ИНЖЕНЕР, АМА ЕЛЕКТРО!

Презентирањето на трите нацрт-бизнис планови беше премногу успешно. Членовите на комисијата составена од два члена од Гимназијата и три члена од Факултетот, како и публиката беа фасцинирани од подготвеноста на средношколците и нивното презентирање, како визуелно така и вербално. Одлуката кој да биде победник беше навистина тешка, така што на крајот комисијата одлучи дека треба да има едно прво и две втори места. Победници на овој натпревар беа членовите на екипата со број 3.

Деканатот на ФЕИТ на сите учесници им додели пригодни награди.

slika4.jpg

На сите учесници им благодариме за учеството и за прекрасните презентации. Ни беше чест и задоволство да соработуваме со овие успешни средношколци и се надеваме дека ќе се гледаме и во иднина со нив, и тоа како дел од ФЕИТ.

Отворен ден на ФЕИТ

od3.png

ISO 9001:2008

Календар
април
« април 2017 »
повтсрчепесане
12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930