Оглас за пракса во Евроинс осигурување АД Скопје
Објавено на 30.3.2018 година
ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, со долги години успешно работење на македонскиот осигурителен пазар, врши повик за пракса, со можност за вработување, од следниот профил на кадар:
Потребни квалификации и способности:
- Студенти од 3-та студиска година и студенти од 4-та студиска година;
- Основни познавање на соодветни програмски алатки (MS Office);
- Високи комуникациски способности за градење долгорочни релации со клиенти и колеги;
- Флексибилност кон промени, ведар дух и желба за постигнување одлични резултати;
- Желба за стекнување нови знаења и вештини;
- Самоиницијативност,посветеност,амбициозност, организираност и одговорност;
- Познавање на англиски јазик.
Друштвото нуди:
- Практична работа во динамична, развојна и пријатна работна средина;
- Обука за основни продажни вештини, како и неколку обуки од областа на осигурувањето, под менторство од искусни професионалци;
- Можност за личен и стручен развој;
- Наградување на Вашиот труд по учинок, како и можност за вработување на најуспешните.
Доколку сте заинтересирани, ги очекуваме Вашите апликации на следниов маил: hr@euroins.com.mk
Сите пријавени ќе бидат повикани на кратко интервју во нашите канцеларии, но само одреден број ќе бидат одбрани за практиканти во нашето друштво, а најуспешните ќе бидат вработени.
Ви посакуваме успех...
Тимот на ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје