Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости ОДРЖАН ПРВИОТ АКАДЕМСКИ ЧАС НА ФЕИТ

ОДРЖАН ПРВИОТ АКАДЕМСКИ ЧАС НА ФЕИТ

Првиот час за генерацијата запишана во академската 2012/2013 година се одржа на 18 септември 2012 година, со што и официјално започна првиот семетар за новозапишаните студенти во прва година на ФЕИТ.

Настанот го отвори Продеканот за настава на ФЕИТ, проф. д-р Христина Спасевска, која ги поздрави студентите, им ги претстави членовите на Деканатот и дел од наставниците со кој ќе се среќаваат во првата година. Деканот на ФЕИТ, проф. д-р Миле Станковски, од своја страна им посака топло добредојде на присутните студенти и им даде неколку интересни информации околу студирањето на Факултетот, но и неколку добри совети.

Пристутни на настанот беа и претставници на позначајните компании од земјава. Од гостите на студентите им се обрати д-р Влатко Чингоски, кој и самиот дипломирал и магистрирал на ФЕИТ.

Во неофицијалниот дел, Продеканката за настава ги упати студентите во правилата на студирање и ги запозна со службите на ФЕИТ кои во иднина ќе ги користат. Потоа, студентите ги посетија институтите според насоката на која се запишале, каде добија подетални информации од Раководителите на институтите и од останатиот наставeн кадар кој е дел од институтите.

ГАЛЕРИЈА

DSC04054.JPG

DSC04064.JPG

DSC04065.JPG

DSC04066.JPG

DSC04067.JPG

DSC04074.JPG

DSC04079.JPG

Инфо ден на ФЕИТ

od3min.png

Летна школа

vms2017.png

ISO 9001:2008

Календар
јуни
« јуни 2017 »
повтсрчепесане
1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930