Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Одржан Првиот докторски семинар на студиската програма Електротехника и информациски технологии (ЕИТ) при Школата за докторски студии на УКИМ

Одржан Првиот докторски семинар на студиската програма Електротехника и информациски технологии (ЕИТ) при Школата за докторски студии на УКИМ

На 23 ноември 2012 во просториите на Ректоратот на УКИМ беше успешно одржан Првиот докторски семинар за студентите на студиската програма Електротехника и информациски технологии (ЕИТ) при Школата за докторски студии на УКИМ, запишани во учебната 2011 година. На семинарот беа присутни докторските кандидати со своите ментори, во состав:

  • Петар Крстевски (ментор - проф. д-р Рубин Талевски)
  • Александар Дединец (ментор - проф. д-р Рубин Талевски)
  • Данијела Јакимовска (ментор - проф. д-р Аристотел Тентов)
  • Гоце Докоски (ментор - проф. д-р Аристотел Тентов)
  • Валентин Раковиќ (ментор - проф. д-р Лилјана Гавриловска)
  • Даниел Денковски (ментор - проф. д-р Лилјана Гавриловска)
  • Томислав Шуминоски (ментор - проф. д-р Тони Јаневски)
  • Николче Велјановски (ментор - проф. д-р Вангел Фуштиќ)
  • Галина Јосифовска (ментор - проф. д-р Драган Михајлов)
  • Стојан Китанов (ментор - проф. д-р Тони Јаневски)

Студентите на ЕИТ во времетраење од петнаесет минути ги изложија своите идеи, концепти и прелиминарни резултати во однос на истражувањата што ги спроведуваат во рамките на докторските студии. Презентираните идеи и резултати студентите ги бранеа пред стручна комисија во засебните области на истражување во состав: проф. д-р Влатко Стоилков (Проректор за настава), проф. д-р Лилјана Гавриловска (Раководител на студиска програма ЕИТ) и соодветните ментори.

Семинарот понуди интересен преглед на иновативните пристапи и решенија во повеќе атрактивни области кои се денес адресирани и од академската јавност во светот.

Fig1.jpg

Fig2.jpg

Fig3.jpg

Fig4.jpg

Fig5.jpg

Fig6.jpg

Fig7.jpg

Fig8.jpg

 

Fig9.jpg

Инфо ден на ФЕИТ

od3min.png

Летна школа

vms2017.png

ISO 9001:2008

Календар
јуни
« јуни 2017 »
повтсрчепесане
1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930