Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Одржан првиот отворен ден на WiNGroup

Одржан првиот отворен ден на WiNGroup

На 24.06.2011 во периодот од 11 до 14 часот во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) - Скопје се одржа првиот WiNGroup отворен ден. Директен повод за отворениот ден беше добиената награда за најдобра демо платформа на членовите на WiNGroup, насловена како "Constructing Radio Environment Maps using Heterogeneous Spectrum Sensors". Наградата беше добиена на најпрестижната телекомуникациска конференција од областа на мрежи со динамички пристап кон спектар IEEE DySPAN 2011 која се одржа во Ахен, Германија, во мај 2011.

На 24.06.2011 во периодот од 11 до 14 часот во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) - Скопје се одржа првиот WiNGroup отворен ден. Директен повод за отворениот ден беше добиената награда за најдобра демо платформа на членовите на WiNGroup, насловена како "Constructing Radio Environment Maps using Heterogeneous Spectrum Sensors". Наградата беше добиена на најпрестижната телекомуникациска конференција од областа на мрежи со динамички пристап кон спектар IEEE DySPAN 2011 која се одржа во Ахен, Германија, во мај 2011.

WiNGroup (Wireless Networks Group) е истражувачка група во рамките на Институтот за телекомуникации, под раководство на проф. д-р Лилјана Гавриловска, која се занимава со напредни истражувања во домените на когнитивни радио мрежи, полиси базирано управување со спектрални и мрежни ресурси, мрежи со динамички пристап кон спектар, напредни безжични и мобилни решенија, управување со ресурси во идни генерации хетерогени безжични мрежи и развој на апликации за сензорски мрежи во возила, интелигентни домови, земјоделство и лозарство, заштита од шумски пожари, телемедицина итн. Истражувањата на WiNGroup се реализираат во рамките на поголем број меѓународни проекти (финансирани од Европската комисија и НАТО), а WiNGroup претставува група со најголемо и најзабележително учество во меѓународни истражувања во Република Македонија со остварен буџет од околу 1.000.000 евра за периодот 2007-2013. Во рамките на своите истражувања WiNGroup соработува со најреномираните универзитети во Европа (на пр.: техничките универзитети од Ахен, Стокхолм, Хелсинки, Барселона итн.), со водечките телекомуникациски компании во светот (на пр.: Ericsson, Huawei, Toshiba, Microsoft, BT, France Telecom итн.) како и водечките регулаторни тела во Европа (BNetzA, Ofcom, Ficora, PTS итн.). Отворениот ден се одржа пред колеги од ФЕИТ - Скопје и другите високообразовни институции во државата, поканети гости од Министерството за информатичко општество, Агенцијата за електронски комуникации и поголем број домашни компании како ОНЕ, ВИП, ЕИН-СОФ, ЕЦС, СИВУС, МЗТ-ЕКА итн.

Отворениот ден започна со обраќање на деканот на ФЕИТ - Скопје, проф. д-р Миле Станковски, кој ја потенцираше улогата на WiNGroup во истражувањата во европски рамки и големата промоција на УКИМ и Република Македонија во европски и светски рамки што ја прават членовите на WiNGroup. Потоа, раководителот на WiNGroup, проф. д-р Лилјана Гавриловска, ја презентираше досегашната работа на WiNGroup, завршените и тековни проекти, објавените трудови и најрелевантните постигнати резултати и достигнувања. Конечно, презентацијата на проф. Гавриловска се фокусираше и на наградената демо платформа детално објаснувајќи го развиениот хардвер и софтвер и можностите и значењето на платформата.

По завршувањето на презентациите, присутните гости и колеги имаа можност да видат дел од развиените демо платформи од страна на WiNGroup во читалната на ФЕИТ - Скопје и одблиску да продискутираат со членовите на WiNGroup за деталите околу нивната работа. Сите развиени демо платформи побудија голем интерес кај присутните гости, особено кај претставниците од домашните компании кои видоа можност за натамошна соработка со WiNGroup и развој на демо платформите во конкретни продукти.

 

wingroup4.jpg

СКЕЕОР

skeeor1.png

ISO 9001:2008

Календар
март
« март 2017 »
повтсрчепесане
12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031