Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Одржана работилница од применета математика

Одржана работилница од применета математика

 

Во периодот од 24 до 26 ноември 2016 година, на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, се одржa научна работилница во рамките на билатералниот македонско-австриски научноистражувачки проект “Frame theory and asymptotic analysis” чиј раководител е проф. д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева.

Овој проект е од областа на применета математика, а главни истражувачки области се теорија на рамки и обопштена асимптотска анализа, со посебен осврт кон нивната примена во практични проблеми од нумеричка и применета математичка анализа, како и од процесирање на сигнали/слики. Во проектот учествуваат повеќе професори, соработници, докторанти и магистранти од ФЕИТ и УКИМ.

На работилницата свои предавања одржаа неколку истакнати австриски научници во областите на применета математика и обработка на сигнали од институцијата- партнер од Австрија, Истражувачкиот институт за акустика при Австриската академија на науки, и тоа: Prof. Dr. Peter Balazs, Prof. Dr. Diana Stoeva, Dr. Nicki Holighaus и Dr. Zdenek Prusa. Тие презентираа дел од истражувањата на овој институт на теми од временско-фреквенциска анализа и теорија на рамки.

Свои излагања на работилницата имаа и членовите на македонскиот тим: Доц. д-р Сања Атанасова од ФЕИТ, Доц. д-р Бојан Пранговски од Машинскиот факултет, Доц. д-р Павел Димовски од Технолошко-металуршкиот факултет и Доц. д-р Даниел Велинов од Градежниот факултет. Нивните предавања главно беа фокусирани на асимптотската анализа на обопштени функции и дефинирање погодни простори за проширување на теоријата на рамки.

Гостите ги поздрави и Продеканот за наука и меѓународна соработка на ФЕИТ, проф. д-р Владимир Димчев. Модератор на работилницата беше проф. д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева.

Отворен ден на ФЕИТ

od3.png

ISO 9001:2008

Календар
април
« април 2017 »
повтсрчепесане
12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930