Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Одржани две поканети предавања од ETH Zurich

Одржани две поканети предавања од ETH Zurich

SCOPESpr.JPG

Во рамките на заеднички SCOPES проект со ETH Zurich и ФЕР Загреб, а во ко-организација на IEEE ComSoc Македонија, на 18.02.2016 се одржаа две предавања за нашите членови од страна на Dr. Michele Magno и Mr. Faycal Ait Aoudia од ETH Zurich.

Предавањата беа од областа на енергетски-ефикасни безжични сензорски мрежи и опфатија теоретска анализа ("Ultra low power wake up radios for energy efficient communication", Dr. Magno) и практична работа ("Demo presentation of wake up radios: potentials for hands-on work", Mr. Aoudia).

Концептот на т.н. wake up radios станува мошне популарен во последно време поради се поголемата пенетрација на сензорската технологија во сите сфери на секојдневното живеење и поради неопходноста за развој на нови апликации и сервиси кои ќе бидат истовремено и енергетски-ефикасни. Предавањата побудија голем интерес и прашања од присутната публика.