Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Отворениот ден на ФЕИТ

Отворениот ден на ФЕИТ

Драги матуранти, драги идни колеги,

Ве покануваме на Отворениот ден на ФЕИТ во сабота, 21 април 2012 година, од 10 часот за да заедно со своите постари колеги од ФЕИТ и наставниот кадар се запознаете од прва рака со Факултетот, со начинот на работата и студирањето, со лабораториите, институтите, просториите за предавање.

Дозволете си искуство од прва рака и видете како е да се биде дел од нашата академска средина. Ќе ве запознаеме со предностите на Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС), по кој веќе за 9-та генерација по ред се одвива наставата на ФЕИТ, ќе ве информираме за сѐ она што Факултетот и неговите студенти го постигнале во својата 53-годишна традиција, за придобивките од нашата диплома која е признаена низ целиот свет и која овозможува успешна кариера, како и за системот преку кој е многу лесно да се учествува во практикантска работа (која, патем, е дел од студиите) во врвни компании во земјава и во странство.

Информациите се корисни, а промотивните и информативните материјали за Факултетот -бесплатни.

Ве очекуваме на убаво и корисно дружење!

 

FEITBanerWEBOTVORENDEN21042012.jpg

СКЕЕОР

skeeor1.png

ISO 9001:2008

Календар
март
« март 2017 »
повтсрчепесане
12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031