Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Пом. асист. м-р Валентин Раковиќ добитник на овогодинешното признание за еден од најдобрите научници на УКИМ

Пом. асист. м-р Валентин Раковиќ добитник на овогодинешното признание за еден од најдобрите научници на УКИМ

1

Пом. асист. м-р Валентин Раковиќ од Институтот за телекомуникации и истражувачката група WiNGroup е еден од добитниците на престижната награда од УКИМ како еден од најдобрите научници на универзитетот за изминатата 2015 година. Признанието е уште позначајно бидејќи оваа година за првпат беше доделена само една награда од целото поле на техничко-технолошките науки. М-р Валентин Раковиќ го завршува својот докторат на Институтот за телекомуникации под менторство на проф. д-р Лилјана Гавриловска, која е воедно раководител на WINGroup и на Институтот за телекомуникации. Oваа награда е признание и најдобра верификација на големиот број значајни публикации кои се произлезени од неговата работа.

2

Наградата за еден од најдобрите научници на УКИМ ја добива член на WiNGroup по трети пат што особено говори за реномето на истражувачите во групата. Исто така, членови од групата ја имаат добиено и најпрестижната државна награда за наука “Гоце Делчев” како и наградата за најдобар млад научник која ја доделува претседателот на РМ.

3

Пом. асист. м-р Валентин Раковиќ е петти добитник на оваа награда од Институтот за телекомуникации на ФЕИТ во последниве четири години што говори за континуитетот во истражувачкиот квалитет и капацитет на членовите на Институтот секоја година.

4

5