Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Посета на Премиерот Груевски на Лабораторијата за мерења на еколошки параметри на ФЕИТ

Посета на Премиерот Груевски на Лабораторијата за мерења на еколошки параметри на ФЕИТ

На 23 јануари 2012 година во 13.30 часот, Премиерот на Владата на Република Македонија,    м-р Никола Груевски, ја посети  новата Лабораторијата за мерење на еколошките параметри во рамките на  Лабораторијата за електрични мерења на ФЕИТ,  која преку проектот на Владата на Република Македонија за основање и осовременување на научно-истражувачките лаборатории во земјата доби мерни инструменти со голема точност кои се од особена важност за заштитата на човековото здравје, особено бидејќи овие инструменти имаат можност за мерење на квалитетот на водата за пиење, како и за мерење на респираторниот прав кој се апсорбира во белите дробови.
Премиерот Груевски изрази големо задоволство од фактот што нашиот Факултет, познат по својот професионален кадар, доби една ваква современа лабораторија која ќе има и практична и научна примена.

Лабораторијата за мерење на еколошките параметри има двоен карактер, како научно-истражувачка лабораторија во која ќе се развиваат мерни системи за мониторинг на соодветните еколошки параметри кои влијаат на загадување на животната средина и како лабораторија од практично-апликативен карактер.

Основач на Лабораторијата е Институтот за електрични мерења и материјали при Факултетот за електротехика и информациски технологии при УКИМ. Институтот постои од формирањето на Факултетот и вработените имаат големо искуство во областа на мерната техника, мерните методи и инструментација и мерењето на електрични и неелектрични величини. Раководител на Лабораторијата е професорот Владимир Димчев.

- Прецизен гасен анализатор за мерење на концентрација на CO, SO2, H2S, O2 гасови во воздухот и тоа од висока класа на точност. Анализаторот се поврзува со компјутер, а пратечкиот софтвер ги анализа мерените податоци. Моделот на инструментот е VRAE Monitor од производителот RAE Systems, САД.

- Преносен инструмент за мерење на брзина (јачина) на јонизирачко зрачење на ниво на фон и повисоки од фон, модел Radiagem-2000 од производителот Canberra Packard, САД. Инструментот исто така се поврзува на компјутер.

- Преносен инструмент за мерење аеросоли, внатрешна респираторна прашина и надворешна употреба, произведен од Casella, Велика Британија, модел Microdust pro.

- Инструмент за мерење на штетни гасови во простории со сензори за H2S, CO, O2, SO2, NO2, NO, со можност за приклучување на компјутер и соодветен софтвер за анализа на податоци. Набавениот инструмент е од моделот DSTOX-ST, од производителот Gray Wolf, САД.

- Податочни логери за запис на мерни податоци со сопствена меморија и врска со компјутер, со софтвер за конфигурурање на системот и документирање на мерните податоци. Моделите на инструментите се 174T и 174H, додека нивниот производител e Testo, Германија.

- Анализатор на звук со меморија, акустичен калибратор класа 1, со можност за собирање на податоците и комуникација со компјутер, со соодветен софтвер за обработка на податоците. Моделот е со ознака CK151B Optimus, произведен од производителот Cirrus Research од Велика Британија.

- Инфрацрвена камера, за мерно подрачје -20 до 350 0C, вграден блиц, со можност за комуникација со компјутер и софтвер за обработка на податоците, модел 881-1, со производител Testo, Германија.

- Инструмент за анализа на вода - фотометар со можност за поврзување на компјутер и тестови за определување на следните состојки во водата: амонијак, бром, хлориди, хлор, цијанид, ХПК, железо, манган, нитрати, нитрити. Моделот е MaxiDirect, а неговиот производител e Lovibond, Германија.

 

gruevski_kralev1_g.jpg

 

DSC04403.JPG

DSC04389.JPG

DSC04390.JPG

DSC04391.JPG

DSC04401.JPG

http://vlada.mk/node/1544

Отворен ден на ФЕИТ

od3.png

ISO 9001:2008

Календар
мај
« мај 2017 »
повтсрчепесане
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031