Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Презентација на ФЕИТ, Институтот за телекомуникации и WiNGroup на Меѓународната регулаторна конференција во организација на АЕК (Охрид, 16-18 мај, 2012)

Презентација на ФЕИТ, Институтот за телекомуникации и WiNGroup на Меѓународната регулаторна конференција во организација на АЕК (Охрид, 16-18 мај, 2012)

Во рамките на втората меѓународна регулаторна конференција во организација на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) и MАСИТ која се одржува во Охрид во периодот 16-18 мај, 2012, свое забележително учество имаат и претставници на ФЕИТ од Институтот за телекомуникации / WiNGroup со презентација на својата досегашна работа во областа и поставување на неколку сопствено развиени демо платформи и најава на идни развојни технологии. IRC2012 конференцијата ги обединува претставниците на македонското национално регулаторно тело во областа на телекомуникациите со претставници од индустријата и стопанството (Македонски телеком, T-Mobile, ONE, VIP, Huawei, Blizoo, Netra, државни агенции итн.) при што се води интензивна дискусија за моменталниот статус и визијата за идниот развој на телекомуникациите и информациското општество во Македонија. Конференцијата предизвикува голем интерес во македонската јавност за што говорат и обраќањата на министерот за информатичко општество, г-дин Иво Ивановски, директорот на АЕК г-дин Роберт Орданоски и бројни претставници на домашни и меѓународни компании и институции.

Лидерот на WiNGroup, проф. д-р Лилјана Гавриловска, одржа презентација за идните концепти во управување со радио спектарот. Нејзината презентација се базираше на успешното долгогодишно искуство на WiNGroup во најрелевантните европски истражувачки проекти и соработка со најголемите регулаторни тела во Европа (Ofcom од Велика Британија, BNetzA од Германија, PTS од Шведска, FICORA од Финска итн.). Искуствата на WiNGroup од оваа плодна меѓународна соработка предизвикаа силен интерес кај домашните експерти и инцираа голем број плодни дискусии на темата. Дополнително, WiNGroup постави 3 демо платформи за целото траење на конференцијата кои се однесуваат на real-time креирање на REM и управување со когнитивни фемто-клетки, пресметка на расположлив спектар за секундарен пристап во Македонија во ТВ и радарски опсег и реконфигурабилен терминал способен за вертикален хендовер помеѓу различни жичани и безжични технологии. Сите демо платформи се извонредно посетени од учесниците на конферецијата и отворија можност за успешна понатамошна соработка на WiNGroup со македонската регулатива и индустрија во областа на телекомуникациите. Претставниците на WiNGroup се особено горди што нивната меѓународно призната работа предизвика голем одзив кај македонската стручна јавност и се надеваат на понатамошна уште поуспешна национална дисеминација и трансфер на знаење.

Во рамките на денот организиран од МАСИТ, презентација имаше проф. д-р Тони Јаневски, кој зборуваше за идните развојни концепти на LTE и LTE Advanced пред полн аудиториум.

Истовремено, Институтот за телекомуникации и WiNGroup им го честитаат Светскиот ден на телекомуникациите и информациското општество на сите колеги и студенти.

СКЕЕОР

skeeor1.png

ISO 9001:2008

Календар
март
« март 2017 »
повтсрчепесане
12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031