Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Проектот ДИОНИС на WiNGroup меѓу победниците во натпреварот за иновативни проекти во рамките на првиот Балканскиот инвестициски форум

Проектот ДИОНИС на WiNGroup меѓу победниците во натпреварот за иновативни проекти во рамките на првиот Балканскиот инвестициски форум

Проектот Дионис на истражувачката група WiNGroup при ФЕИТ, работен во соработка со компанијата ECS, беше избран меѓу победниците во натпреварот за иновативни проекти кој се одржа во рамките на првиот Балканскиот инвестициски форум во Скопје, од 18-19 aприл 2012 година. На натпреварот се презентираа 32 компании, од кои речиси половина од Македонија, каде во извонредно квалитетна конкуренција проектот на WiNGroup за имплементација на сензорски мрежи во лозови насади и винарии беше единствениот од Македонија кој се пласираше да се претстави на Eвропскиот инвестициски форум кој ќе се одржи во Берлин во декември 2012 година.

Дводневниот форум беше под покровителство на Претседателот на РМ, д-р Ѓорге Иванов, и е прв од ваков вид во регионот, каде на едно место беа собрани најдобрите иновативни проекти и инвеститори. Целта на форумот беше да овозможи инвестиции од меѓународни инвеститори кон бизнис-проекти кои имаат висок комерцијален потенцијал. Со претходна селекција беа избрани 32 најдобри иноватори од Балканот кои своите проекти ги презентираа пред инвеститори од регионот, Западна Европа, Словенија, Турција и од Израел. Проектите беа евалуирани од страна на реномирани инвеститори кои покрај иновативноста, проектите ги оценуваа и според повеќе релевантни критериуми. На настанот учествуваа и над 30 предавачи од САД, Германија, Израел, Романија, Велика Британија и Австрија, како и од земјите од регионот и од странски инвестициски фондови.

Тимот на WiNGroup го раководи проф. д-р Лилјана Гавриловска и го сочинуваат доц. д-р Владимир Атанасовски, м-р Александра Матеска, м-р Константин Чому, инж. Бисера Јанкуловска, инж. Михајло Павлоски и инж. Милан Захариев (http://wingroup.feit.ukim.edu.mk). WiNGroup се претстави и на Саемот за иновации кој се одржа во рамките на форумот, успешно претставувајќи ја демо-платформата Дионис (www.facebook.com/Dionis.Project) Штандот на WiNGroup привлече големо внимание меѓу присутните инвеститори и експерти во областа, вклучително и д-р Братислав Станковиќ, советник за наука и технологија на Претседателот д-р Ѓорге Иванов, потоа главниот државен научник на Израел, д-р Ели Опер, г-н Виктор Мизо од Директоријатот за технолошко-индустриски развојни зони, г-н Мајкл Голд од Кримсон Капитал, итн.

 

DSC_0381.JPG

DSC_0416.JPG

DSC_0444.JPG

DSC_0461.JPG

DSC_0583.JPG

DSC_0631.JPG

Инфо ден на ФЕИТ

od3min.png

Летна школа

vms2017.png

ISO 9001:2008

Календар
јуни
« јуни 2017 »
повтсрчепесане
1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930