Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Промоција 2011

Промоција 2011

На 16.06.2011 година се одржa свечената Промоција на дипломирани и магистрирани студенти кои дипломирале или магистрирале на Факултетот за електротехника и информациски технологии - Скопје (ФЕИТ) во периодот од 15 мај 2010 година до мај 2011 година.
Промоција 2011

Обраќање на деканот

На Промоцијата која започна во 18:00 часот, студентите и останатите гости ги поздрави Деканот на ФЕИТ, проф. д-р Миле Станковски кој со пригодна реч го отвори овој свечен настан. На присутните им се обрати и Проректорот на УКИМ, проф. д-р Елена Думова, а свое обраќање имаше и проф. д-р Александар Димитров, во својство на Претседател на Инженерската институција на Македонија. Професор Димитров го промовораше Петар Крстевски, студент на ФЕИТ кој е добитник на наградата Инженерски прстен. Претставник од Фондацијата „Атанаско Кантарџиев“ додели две награди на двајца студенти на ФЕИТ - Петар Крстевски и Владимир Здравевски, првите двајца студенти кои дипломирале со просек 10,00 во својата генерација. За прв пат оваа година, Фондацијата на професорот Димитар Стамболиев, професор на МФС во пензија, му додели награда на Ристе Пинџуров, како најдобар дипломиран студент од студиската програма ЕРПС. По промовирањето на магистрираните и дипломираните студенти, на студентите кои дипломирале со просечна оценка 9 и повисока од 9 им беа доделени и плакети. Настанот беше збогатен со културно-забавна програма која започна во 17:00 часот со настапот на DJ Alex, а продолжи по завршувањето на Промоцијата со настапот на хорот и бендот на АКУД Мирче Ацев. Следеше настапот на бендот South Park, а вечерта заврши со забава со DJ Nikifor.

Отворен ден на ФЕИТ

od3.png

ISO 9001:2008

Календар
мај
« мај 2017 »
повтсрчепесане
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031