Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Промоција на дипломирани и магистрирани студенти

Промоција на дипломирани и магистрирани студенти

На 15 јуни 2012 година, петок, со почеток во 19:00 часот на кампусот на ФЕИТ се одржa Промоцијата на дипломирани и магистрирани студенти кои дипломирале и магистрирале во периодот од мај 2011 до април 2012 година.

Во една прекрасна атмосфера, дипломираните и магистрираните студенти ги поздрави Деканот на ФЕИТ, проф. д-р Миле Станковски, кој се осврна на текот на нивното студирање и им посака плодна и успешна кариера.

Проректорот за финансии на УКИМ, проф. д-р Пеце Неданоски, ги сподели честитките со Деканот и се обрати со пригодна реч, а потоа и претседателот на Алумни асоцијацијата на ФЕИТ, г. Трајче Черепналкоски, ги информираше за нивното членство во здружението на пријателите на Факултетот.

Претседателот на Инженерската институција на Македонија, проф. д-р Александар Димитров, ја додели наградата Инженерски прстен на најдобриот дипломиран студент на ФЕИТ, Игор Кулев, додека претставникот на фондацијата „Атанаско Кантарџиев“, г-н Душко Кантарџиев, додели две награди за студентите кои дипломирале со просек 10,00. Наградите ги добија студентите Игор Кулев и Марко Ангеличиноски.

Годинава за прв пат Македонскиот национален комитет при Меѓународната конференција за големи електрични системи – МАКОСИГРЕ додели три награди на најдобрите дипломци на електроенергетските студиски програми на Факултетот. Претседателот на МАКОСИГРЕ, г-н Александар Шеќерински, им додели награди на Васко Здравевски од ЕЕЦ, Ивана Ѓорѓиева од ЕЕиУ и Ангела Црвенкоска од ЕЕС.

Награден беше и студентот Стојан Матески како најдобар дипломиран студент на студиската програма Електроника Радиотехника Процесирање на Сигнали, од Фондацијата на проф. д-р Стамболиев - пензиониран професор од Машинскиот факултет.

По наградувањето на студентите со просек 9,00 и над 9,00, и официјално беа промовирани магистрираните и дипломираните студенти во присуство на бројни колеги, роднини и пријатели. Од музички аспект, програмата беше збогатена со настапот триото од Музичката академија при УКИМ.

СКЕЕОР

skeeor1.png

ISO 9001:2008

Календар
март
« март 2017 »
повтсрчепесане
12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031