Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Прва награда на IEEESTEC 2016 за студентски проекти

Прва награда на IEEESTEC 2016 за студентски проекти

На 24 ноември 2016 година на Електронскиот факултет во Ниш се одржа 9 меѓународна конференција на студентски проекти IEEESTEC 2016. На оваа конференција се претстави и тим студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологиии со труд под наслов  „Design and Realization of an Electric Go-Kart“. На ова конференција овој труд ја доби прва награда во категоријата Најдобри трудови според оцена од рецензентите. Автори на трудот се Иван Спасески, Бобан Момчиловски, Дејан Пејовски, Бодан Велковски, Тамара Панова, Филип Симјаноски и Стефан Лутовски.

ieeestec2016_1.jpg

Трудот дава детален опис на успешно завршената прва фаза од проектот за релизација на електричен картинг која се одвиваше на ФЕИТ во периодот од септември 2015 – мај 2016. Проектот е финансиран од ФЕИТ и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Реализацијата на проектот е под раководство и менторство на проф. д-р Гога Цветковски и проф. д-р Снежана Чундева. Преостанатиот дел од тимот кој учествува во реализација на целиот проект се студенти од студиската програма ЕАОИЕ- Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија и дел од наставниот кадар.

ieeestec2016_2.jpg

ieeestec2016_3.jpg