Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Работилница на тема: Климатски промени и обновливи извори на енергија

Работилница на тема: Климатски промени и обновливи извори на енергија

На 16 февруари 2012 година, во организација на ФЕИТ се одржа работилница со наслов: Климатски промени и обновливи извори на енергија. Работилницата беше организирана под покровителство на Јапонската Агенција за Меѓународна соработка (JICA) и Македонското здружение на учесници на курсеви во Јапонија, МАК-ЈАМС. Коорганизатор на работилницата беше Сојузот на здруженија за техничка култура на Република Македонија - Народна техника.

Целта на работилницата беше да се поттикне свеста, особено кај младите, за климатските промени кои се случуваат на светско ниво, како и да се разгледаат можностите за нивно спречување. Токму затоа фокусот на оваа работилница беше ставен на обновливите извори на енергија, како можност со нивно искористување значајно да се придонесе во спречувањето на климатските промени и последиците за планетата Земја.

Работилницата ја отвори Деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии, проф. д-р. Миле Станковски. На работилницата со свои презентации се претставија проф. д-р. Маргарита Гиновска, проф. д-р. Христина Спасевска и проф. Елизабета Поповска. Исто така активно учество на работилницата зема и група студенти од прва година при Факултетот за електротехника и информациски технологии, кои имаа презентации за одредени теми од климатските промени и ОИЕ.

P1010066Copy.JPG

P1010055.JPG

P1010072.JPG

P1010147Copy.JPG

 

Отворен ден на ФЕИТ

od3.png

ISO 9001:2008

Календар
мај
« мај 2017 »
повтсрчепесане
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031