Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Робомак 2016 Започна РобоМак 2016

Започна РобоМак 2016

На ден 07.03.2016 г. во 11 часот, во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје  по седми пат започна најголемиот меѓународен студентски семинар и натпревар за роботика и вештачка интелигенција RoboMac 2016.

На свеченото отворање добре дојде на учесниците, им посака продеканот за финансии и соработка со стопанство на ФЕИТ проф. д-р Димитар Ташковски, претседателот на Македонската секција на  IEEE проф. д-р Љупчо Караџинов и организациониот одбор на RoboMac 2016 составен од Георги Костов (студентски огранок на Македонската секција на ИЕЕЕ) и Ања Несторова (СП ФЕИТ).

1

Веднаш по отварањето, следуваше предавање во амфитеатарот. Воведното предавање го одржа проф. д-р Лилјана Гавриловска на тема “Human Bond Communication”.

2

Натпреварот и семинар продолжува и наредните денови, а  учесниците веќе се поделени во работни групи и категории и почнаа со работа во факултетските лаборатории.

Предавањата се отворени за јавноста, а исто така и финалниот натпревар кој ќе се одржи во сабота на 12 март 2016, во Дом на АРМ со почеток во 18 часот.

3