Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Серијата успешни настани на БЕСТ продолжи со Европскиот инженерски натпревар - EBEC -Скопје 2012

Серијата успешни настани на БЕСТ продолжи со Европскиот инженерски натпревар - EBEC -Скопје 2012

Пред само неколку денови успешно заврши уште еден  настан организиран од Локалната БЕСТ група во Скопје, по покровителство на Едукативниот и развоен центар на Сивус и Генералниот увозник за Цитроен во Македонија, АВТОНОВА, како и Факултетот за електротехника и информациски технологии, Машинскиот факултет  и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.  Со овој настан членовите на БЕСТ Скопје по 3-ти пат докажаа дека студентите од техничките факултети се пред сè креативни, полни со желба да се докажат, да се натпреваруваат и, да научат.

За време на трите успешни денови имаше 3 различни натпревари и тоа: натпревар во студија на случај (Case Study), натпревар во тимски дизајн (Team Design) и (IT) натпревар во информациски технологии.

За време на првиот ден во категоријата Case Study, пред вкупно 18 студенти од сите 4 години на техничките факултети при УКИМ , беше поставена задача за дизајн. Студентите, многу од нив и по прв пат, работеа во програмот Adobe Illustrator и имаа за задача да дизајнираат кров за DS 3 линијата на автомобили, линија која најмногу се доближува до карактерот на секој студент. Од сите учесници, се издвоија три студентки: Маја Лазаревска (ФЕИТ), Ана Кочевска , и Александра Андоновска кои покрај вредните награди, се здобија и со искуство за прв пат да креираат за возилата Citroen DS 3.

Натпреварот продолжи во духот на инженерството и креативноста, па натпреварувачите од вториот ден составуваа количка на погон од електромотор придвижен со батерија. За оваа задача им беше оставен период од цели 4 часа во кој најуспешниот тим, бруцоши од Факултетот за информатика и компјутерско инженерство, успеаа да состават најбрза и најпрецизна количка. Со награди се закитија Марио Ампов, Јован Андонов и Моника Динева. Натпреварот во IT Competition категоријата го затвори овогодинешното натпреварување со дизајнирање на мобилна апликација за возилата од палетата на DS3 линијата. Најдобрите Александра Лазовска, Трајче Лазовски и Војче Кушевски ќе имаат и можност да научат како својата идеа да ја реализираат со помош на стручниот тим на Сивус Едукативниот и развоен центар кој им подари бесплатни Андроид курсеви.

На радост на организаторите, огромен интерес беше пројавен од бруцошите на техничките факултети, што дава еден огромен мотив за уште подобра организација на следниот натпревар, како и надеж дека истите тие креативни умови повторно ќе бидат дел и од следните натпревари, па и од БЕСТ Скопје, каде би можеле своите креативни идеи да ги вметнат во самиот настан, но и во сите други настани кои ги организира БЕСТ Скопје.

 

DSC_0089.JPG

DSC_0705.jpg

IMG_9899.JPG

СКЕЕОР

skeeor1.png

ISO 9001:2008

Календар
март
« март 2017 »
повтсрчепесане
12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031