Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости СООПШТЕНИЕ за изјаснување на студентите од студиските програми ИКИ и ИНФО во врска со изборот за понатамошно студирање

СООПШТЕНИЕ за изјаснување на студентите од студиските програми ИКИ и ИНФО во врска со изборот за понатамошно студирање

Ве информираме дека тековните студенти од студиските програми ИКИ и ИНФО на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ, согласно член 9 од Законот за основање на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ (Службен весник бр. 171/2010) потребно е да се изјаснат за тоа каде ќе го продолжат своето образование – на ФЕИТ или на ФИНКИ.

Изјаснувањето каде ќе го продолжат своето образование студентите ќе го направат преку потпишување изјава. Изјавата ќе се потпишува во два идентични примерока (еден за ФЕИТ и еден за ФИНКИ).

Изјаснувањето ќе се одвива во периодот од 01.09.2011 до 16.09.2011 во библиотеката во термини од 11:00 до 13:00 часот. Поради ова уписот на зимскиот семестар за студентите од студиските програми ИКИ и ИНФО ќе трае до 16.09.2011.

Би сакале да нагласиме дека со заложба на двата факултета, во интерес на студентите, е направен заеднички договор со што без разлика за што ќе се одлучите, тоа нема да влијае на условите и квалитетот на Вашето понатамошно студирање. Делови од тој договор се дадени во продолжение.

 

Извадок од договорот за уредување на взаемните односи на ФЕИТ и ФИНКИ

Изјава за изборот за понатамошно студирање

СКЕЕОР

skeeor1.png

ISO 9001:2008

Календар
март
« март 2017 »
повтсрчепесане
12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031