Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Свечено доделување на стипендиите на најдобрите студенти од прва година на електроенергетските насоки од страна на трите електроенергетски компании во Република Македонија

Свечено доделување на стипендиите на најдобрите студенти од прва година на електроенергетските насоки од страна на трите електроенергетски компании во Република Македонија

(АД ЕЛЕМ- Електрани на Македонија; ЕВН-Македонија; АД МЕПСО)

На ден 04.06.2012 г. (среда) во Амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје на дванаесет студенти од прва година на електроенергетските насоки свечено им беа доделени стипендии кои ги обезбедија трите електроенергетски компании во Р. Македонија.

Свеченоста беше отворена од домаќинот на настанот, проф. д-р Миле Станковски, Декан на ФЕИТ кој во својот говор изрази благодарност кон фирмите пријатели на Факултетот, истакнувајќи ја важноста од взаемната соработка од аспект на обезбедување на квалитетна иднина за компаниите кои со овој потег имаат директно влијание врз профилирањето на кадрите односно им даваат можност на идните инженери да ја остварат својата професионалната кариера во нивните компании.

Со своето присуство настанот го збогати Министерот за образование и наука, г-дин Панче Кралев, кој се обрати на присутните со пригодна реч, нагласувајќи го задоволството од континуираната комуникација на приватниот сектор и универзитетите во Република Македонија, исто така ја изрази подршката на техничките факултети, кои генерираат дефицитарни кадри.

 

evn-stipendii-minister

 

Свеченоста беше проследена од многу медиуми, а на неа покрај Министерот за образовани и наука, беа присутни и Ректорот на Универзитетот св.Кирил и Методиј - Скопје проф. д-р Велимир Стојковски, Ректор на УКИМ, вработени и студенти од ФЕИТ, и други гости.

Претставниците од електроенергетските компании врачија по четири стипендии, а селекцијата за стипендирање беше направена по конкурсот кој беше објавен во месец април 2012г. Од пријавените условите за добивање на стипендија, ги исполнија вкупно 12 студенти. Трите енергетски компании ги обезбедија стипендиите во вредност од 100 евра месечно, во наредните 10 месеци како и продолжување на стипендијата до крајот на студирањето доколку ја задржат минималната просечна оценка над 8.0.

 

Добитници на стипендиите од АД МЕПСО се:

  1. Ирена Дуковска;

  2. Павле Петров;

  3. Петар Петров;

  4. Александар Крлески.

Истите им ги лично им ги врачи Г-дин Дејан Бошковски, Генерален директор АД МЕПСО.

 

Добитници на стипендиите од АД ЕЛЕМ-Електрани на Македонија се:

  1. Кристијан Лопатички;

  2. Кристина Јовановска;

  3. Стојан Малчески;

  4. Дарко Петровски.

Истите лично им ги врачи Г-дин Димитар Танурков, Директор на производство АД ЕЛЕМ.

 

 

Добитници на стипендиите од ЕВН Македонија се:

1. Артан Рамани;

2. Елена Талеска;

3. Маја Јовановска;

4. Марјан Угриновски.

Истите им ги лично им ги врачи Г-дин Игор Гиевски, Член на УО на ЕВН Македонија.

 

evn-stipendii-studenti

Инфо ден на ФЕИТ

od3min.png

Летна школа

vms2017.png

ISO 9001:2008

Календар
јуни
« јуни 2017 »
повтсрчепесане
1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930