Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Трето место на студентскиот собир ICAMES 2016 во Истанбул, Турција

Трето место на студентскиот собир ICAMES 2016 во Истанбул, Турција

Трето место на студентскиот собир ICAMES2016 во Истанбул, Турција

 

Од 6 до 11 мај 2016 година во Истанбул на Универзитетот „Богазичи“ се одржа 22-от собир на студентите од факултетите по инженерски науки. На овој собир, ICAMES 2016 (International Cultural and Academic Meeting of Engineering Students), учествуваше и тим од Факултетот за електротехника и информациски технологии и го освои третото место во категоријата конструктивна реализација на проект во конкуренција на 18 тимови од 10 земји. Тие се натпреваруваа со студентскиот проект Дизајн и реализација на електричен картинг, кој е финансиран од ФЕИТ и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Во тимот кој го подготви трудот и презентираше проектот на ICAMES се вклучени: Бодан Велковски, Стефан Лутовски, Тамара Панова, Дејан Пејовски и Филип Симјаноски, додека во изработката на пријавата и интегралниот текст учествуваа и Бобан Момчиловски и Иван Спасески. Преостанатиот дел од тимот кој учествува во реализацијата на целиот проект го сочинуваат: Александара Аризанковска, Амир Беадини, Петранка Бончева, Ристо Ефремов, Јанѓеловска Елизабета, Александар Милевски, Ивана Мирчевска, Никола Нацевски. Студентите кои учествуваа во реалзиацијата на проектот во оваа фаза се од студиската програма ЕАОИЕ - Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија.

Реализацијата на проектот е под раководство и менторство на проф. д-р Гога Цветковски (кој го водеше тимот во Истанбул) и проф. д-р Снежана Чундева. Останати членови на тимот кои учествуваат во реализацијата на проектот се: доц. д-р Михаил Дигаловски, доц. д-р Горан Стојановски, доц. д-р Живко Коколански, асистент м-р Благоја Марковски, асистент м-р Валентин Раковиќ, м-р Љупчо Карајановски и м-р Марио Макрадули.

Во понатамошните фази од проектот ќе бидат вклучени и студенти од останатите студиски програми.