Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости УПИСИ ФЕИТ 2011

УПИСИ ФЕИТ 2011

Рокови за пријавување и запишување

Регистрирајте се на http://upisi.feit.ukim.edu.mk/ и пресметајте ги поените со кои ќе конкурирате при уписот.

Рокови за пријавување и запишување

Прв рок
Втор рок
Трет рок
Пријавување на кандидатите
16 и 17.08.2011 
1 и 2.09.2011
15.09.2011
Објавување на резултати од средно образование
22.08.2011 
5.09.2011 
16.09.2011 
Објавување на решение за прием на кандидатите
26.08.2011 12.09.2011 
19.09.2011 
Запишување на кандидатите
31.08.2011 и 01.09.2011
13 и 14.09.2011 
21.09.2011 

Квоти и цени по студиски програми

Студиска програма
Државна квота
Цена (ЕУР)
Квота со кофинансирање
Цена (ЕУР)
ВКУПНО
Електроенергетски системи (ЕЕС)
40
200
20
400
60
Електроенергетика и управување (ЕЕиУ)
40
200
20
400
60
Електроенергетски уреди (ЕЕУ)
40
200
20
400
60
Конверзија и искористување на електрична енергија (КИЕЕ)
40
200
20
400
60
Електроника, радиотехника и процесирање на сигнали (ЕРПС)
80
200
40
400
120
Телекомуникации (ТК)
80
200
40
400
120
Компјутерско системско инжинерство и автоматика (КСИА)
80
200
40
400
120
Информатика и компјутерско инжинерство (ИКИ)
20
200
10
400
30
Професионални студии по информатика (6 семестри)
0
200
20
400
20
Eлектроенергетика и управување (ЕЕУ) во Кичево
80
100
0
/
80
ВКУПНО Студенти
500

230

730

Потребни документи при пријавување

  • Пријава за запишување
  • Оригинални свидетелства од сите класови
  • Свидетелство за завршено средно образование
  • Документ за положена државна матура
  • Извод од матична книга на родените (независно колку е стар)
  • Доказ за државјанство на Р. Македонија (уверение или решение – независно колку е старо)
  • Уплатница за уплатени 300 денари на жиро сметка на Факултетот за електротехника и информациски технологии
  • Уплатница за уплатени 50 денари за административна таксена марка
  • Интерен пријавен лист (подоле на страната)
  • Изјава за национална припадност (се приложува само ако во сведителствата и дипломите не е наведена националната припадност)
  • Изјава за неподигање на документите.
  • Изјава за дисперзираните студии (ја пополнуваат само кандидатите за дисперзираните студии во Кичево)

 

И оваа година постои можноста пополнувањето на податоците кандидатите да го прават преку нашиот online Портал за идни студенти, кој овозможува автоматско генерирање на дел од потребните документи: интерниот пријавен лист, изјавата за национална припадност, изјавата за неподигање на документи и преглед на пополнета уплатница, врз база на внесените податоци на кандидатот. Со користење на Порталот, кандидатите имаат можност да избегнат евентуални грешки во пополнувањето на податоците, можат да ги менуваат внесените податоци до денот на уписот, а сите автоматски генерирани документи може да си ги отпечатат дома и само да ги донесат на Факултетот на денот на уписот. Освен тоа, со користење на нашиот Портал, кандидатите имаат можност да се приклучат на нашата мејлинг листа и на својата e-mail адреса да ги добиваат сите соопштенија и документи кои се поврзани со уписот на Факултетот.

Дополнителни информации

  • Уплатницата и интерниот пријавен лист може да се подигнат од Студентската служба на Факултетот во периодот од 10 до 12 август 2011 година и во деновите на упис од читалната на Факултетот или да се преземат и пополнат од web страната на Факултетот.
  • Препорачуваме интерниот пријавен лист да се пополни на online Порталот за идни студенти на Факултетот. 
  • Факултетот на 15 август 2011 година во периодот од 10-14 часот ќе организира таканаречен ИНФО ДЕН  на кој ќе бидат извршени информативни презентации во врска со уписот (информации за потребната документација, начин на пополнување на интерниот пријавен лист, начин на пресметување на поените од успех и др)

Одлука за ослободување од плаќање на школарина

Податоци што треба да се пополнат на уплатниците

uplatnica1.jpg

uplatnica50.png

Кај уплатната сметка трите места означени со XXX се заменуваат со шифрата на општината од личната карта на кандидатот.

Шифри на општините

За прашања во врска со уписот на ФЕИТ, обратете се до Конкурсната комисија на upisi@feit.ukim.edu.mk.

Конкурсна комисија на Факултетот за електротехника и информациски технологии,

Скопје, 14
јули 2011.

Интерни пријавни листови

Оваа година, за уписите на ФЕИТ постојат десет различни интерни пријавни листови. Еден кандидат треба да пополни само еден интерен пријавен лист, во зависност од тоа дали полагал државна матура, меѓународна матура, дали завршил средно училиште во странство или завршил средно образование пред учебната 2007/08 година и не полагал матура. Исто така, постојат различни интерни пријавни листови за кандидатите кои сакаат да конкурираат за дисперзираната паралелка на ФЕИТ во Кичево*.

За кандидатите кои конкурираат за Скопје:

1. Интерен пријавен лист (за кандидати со положена државна матура)
2. Интерен пријавен лист (за кандидати со положена меѓународна матура) **
3. Интерен пријавен лист (за кандидати кои завршиле во странски училишта) **
4. Интерен пријавен лист (за кандидати кои завршиле пред 2007/2008) **
5. Интерен пријавен лист (за кандидати со положена училишна матура)


За кандидатите кои конкурираат за Кичево*:

1. Интерен пријавен лист (за кандидати со положена државна матура кои конкурираат за дисперзираната паралелка во Кичево)
2. Интерен пријавен лист (за кандидати со положена меѓународна матура кои конкурираат за дисперзираната паралелка во Кичево) **
3. Интерен пријавен лист (за кандидати кои завршиле во странски училишта кои конкурираат за дисперзираната паралелка во Кичево) **
4. Интерен пријавен лист (за кандидати кои завршиле пред учебната 2007/08 и кои конкурираат за дисперзираната паралелка во Кичево)

5. Интерен пријавен лист (за кандидати со положена училишна матура и кои конкурираат за дисперзираната паралелка во Кичево)

* Во дисперзираната паралелка на ФЕИТ во Кичево постои само државна квота, за наставната програма Електроенергетика и управување (ЕЕиУ).
** Кандидатите кои полагале меѓународна матура или завршиле средно образование во странство, конкурираат во Ректоратот на УКИМ, во согласност со распишаниот Конкурс.

СКЕЕОР

skeeor1.png

ISO 9001:2008

Календар
март
« март 2017 »
повтсрчепесане
12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031