Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Успешно учество на WiNGroup на саемот во France Telecom / Orange Labs во Париз

Успешно учество на WiNGroup на саемот во France Telecom / Orange Labs во Париз

Истражувачката група WiNGroup при ФЕИТ под раководство на проф. д-р Лилјана Гавриловска, а во состав на доц. д-р Владимир Атанасовски, пом. асс. м-р Валентин Раковиќ, м-р Даниел Денковски и инж. Михајло Павлоски, учествуваше и со успех ја презентираше својата демо – платформа на интерниот саем организиран од France Telecom / Orange Labs во седиштето на France Telecom во Париз, Франција, од 6-8 Декември 2011 година. На демо-интеграцијата како представници и интегратори учествуваа м-р Даниел Денковски и инж. Михајло Павлоски.

Демо – платформата со наслов Cognitive cellular radio: Discover the radio environment to enhance the network engineering performance претставува дел од истражувачката работа во склоп на EU FP7 проектот FARAMIR. Интеграцијата на истата е водена од WiNGroup во соработка со RWTH универзитетот од Германија и France Telecom од Франција. Со голема заинтересираност платформата беше проследена од претставници на Orange Labs лабораториите ширум светот, дел од управата на France Telecom, како и надворешни делегации на Fujitsu, Siemens, Европската Комисија итн. За големата заинтересираност сведочи и изјавата на претставникот од тимот на France Telecom - Berna Sayrac: The demo was the “shining star” of the research exhibition.

Претходна верзија на платформата беше добитник на наградата за најдобра демо - платформа на најпрестижната телекомуникациска конференција од областа на мрежи со динамички пристап кон спектар IEEE DySPAN 2011 кој се одржа во Ахен – Германија, во Мај 2011 и за која тимот на WiNGroup беше главен интегратор.

Отворен ден на ФЕИТ

od3.png

ISO 9001:2008

Календар
мај
« мај 2017 »
повтсрчепесане
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031