Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Впечатоци од летната школа Дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи 2012 (“Embedded System Design 2012”)

Впечатоци од летната школа Дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи 2012 (“Embedded System Design 2012”)

Впечатоци од летната школа Дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи 2012 (“Embedded System Design 2012”) што се одржа од 25 до 29 јуни на ФЕИТ

Втората летна школа за дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи, во само три дена отворен „временски прозорец“ за пријавување, привлече преку 40 заинтересирани студенти - навистина импресивен број и со оглед на штотуку завршената испитна сесија.

Темата на школата беше дизајн на енергетски ефикасни вградливи системи односно „вградливи микрокомпјутерски системи со енергетска пресметливост“. Во согласност со темата беа и проектните задачи што требаше да ги изработат струдентите поделени во екипи по двајца, а атмосферата ја подгреа натпреварувачкиот карактер – најуспешните добија награди од компанијата Сеавус. И за другите следуваа „утешни награди“ во вид на ваучери за курсеви со попуст и развојни плочки од Texas Instruments.

Предавањата опфатија разни аспекти на дизајнот – од почетните поими, преку хардверските и софтверските техники за заштеда на енергијата, се до специфичните појави кај денешните нано-транзистори. Ширината на темата направи некои од предавањата да бидат малку потешки за помладите колеги, а пак за постарите понекое предавање да биде малку досадно (као што навеле во анкетниот лист).

Практичниот дел студентите го работеа во две групи – едната со 16-битен микроконтролер од фамилијата MSP430 на Texas Instruments, а другата со 32-битен ARM микроконтролер од фамилијата LPC2xxx на NXP. Задачите беа во согласност со темата: да ја постигнат функционалноста со најмала потрошувачка на енергија. „MSP групата“ требаше да направи што повеќе мерења на температурата и да ги испрати до персоналниот компјутер користејќи само енергија складирана во кондензатор, а „LPC групата“ да направи аудио машина за ехо што ќе „влече“ најмала струја од изворот за напојување.

За практичниот дел сите екипи добија развојни плочки на располагање 24/4. Скоро сите екипи од MSP групата“, која го доби и сето внимание од колегата Дарко, постигнаа солидни резултати - ги испратија своите проекти за завршниот натпревар и приготвија презентации. „LPC групата“ работеше посамостојно и тоа постави нешто поостра граница што екипите требаше да ја совладаат за успешен проект. Општиот заклучок во анкетата за практичниот дел е дека треба да трае подолго, а со тоа и школата (предлозите во анкетата се од 10 дена до две седмици).

На крајот, сите го истакнаа дружењето и можноста да научат нешто ново, со препорака да има поголеми паузи меѓу предавањата на кои би се воделе дискусии со предавачите.

Се надевам дека фотографијава, на која се наоѓаат дел од предавачите, студентите и гостите на оваа школа, ќе ни биде драг спомен.

 

Довидување до следната школа.

Ј.Ќосев

 

 

Embedded-letna-skola

 

Следува галерија фотографии од настаните (Photo by Martin Dimitrievski – DIP Team).

 

khie01 khie02 khie03

khie04 khie05 khie06

khie07 khie08 khie09

khie10 khie11 khie12

khie13 khie14 khie14

khie16 khie17 khie18

khie35 khie19 khie20

khie22 khie23 khie24

khie25 khie26 khie27

khie28 khie29 khie30

khie31 khie32 khie33

khie34 khie35 khie36

Отворен ден на ФЕИТ

od3.png

ISO 9001:2008

Календар
мај
« мај 2017 »
повтсрчепесане
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031