Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Впечатоци од летната школа "Embedded System Design" што се одржа од 04 до 08 јули на ФЕИТ во рамките на истоимениот DAAD проект

Впечатоци од летната школа "Embedded System Design" што се одржа од 04 до 08 јули на ФЕИТ во рамките на истоимениот DAAD проект

Ниту високите температури, ниту повременото блескаво светло во предавалните не ги поколебаа четиринаесетте предавачи, петте излагачи на работилницата, дванаесетте студенти на школата и, во просек, седумнаесетте (од осум до триесет) посетители на презентациите, максимално да се ангажираат во работата на летната школа

Ниту високите температури, ниту повременото блескаво светло во предавалните не ги поколебаа четиринаесетте предавачи, петте излагачи на работилницата, дванаесетте студенти на школата и, во просек, седумнаесетте (од осум до триесет) посетители на презентациите, максимално да се ангажираат во работата на летната школа. Пристигнаа сите партнери од DAAD проектот “Embedded System Design”: од Институтот IHP Microelectronics од Франкфурт на Одра, од Електронскиот факултет во Ниш и од Електротехничкиот факултет во Источно Сараево. Кон нив се придружија наставници, соработници, магистранти и идни магистранти од ФЕИТ, како и колеги од три фирми во Р. Македонија (Сеавус, СиВа и MTD) чии професионални ангажмани се директно во областа вградливи микрокомпјутерски системи.
Им се заблагодарувам на сите што дадоа придонес оваа школа да биде успешна – на предавачите, на студентите, на колегите од Институтот за електроника, на Деканатот за разбирањето и поддршката, на вработените од ФЕИТ што ми помогнаа, како и на сите посетители. Посебно им благодарам на студентите и мислам дека ФЕИТ може да се гордее со нив што избраа да дојдат, да работат и да научат нешто повеќе цели три седмици по завршувањето на испитната сесија.
Сепак, школата не беше само работа – таа ни овозможи да се дружиме и подобро да се запознаеме: во вечерните часови под Кале, на кафе-паузите во лабораторијата за електроника, на врвот од Водно покрај Милениумскиот крст, за време на вечерата, како и на разделбата „со сок и колачи“ во бифето на ФЕИТ.
Еве неколку одгласи што пристигнаа по e-mail:
“I am glad that I had the honour to be part of this summer school. Organization of this event was exelent. I hope that next year there will be another summer school.
Thank you.”
“Kako prvo da se zablagodaram za izvrsniot prijem sto go imavme vo Skopje, navistina mnogu pa duri i premnogu dobro ja organiziravte letnata skola, za sto vi cestitam.”
“Uz jos jedan pozdrav i zahvalnost za gostoprimstvo za vreme naseg boravka u Skopju”
Се надевам дека фотографијава, на која се наоѓаат повеќето од предавачите, студентите и интересентите за оваа школа, ќе ни биде драг спомен.

СКЕЕОР

skeeor1.png

ISO 9001:2008

Календар
март
« март 2017 »
повтсрчепесане
12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031